Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Законот за земјоделско осигурување влегува во владина процедура
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Законот за земјоделско осигурување влегува во владина процедура
АгровестиАгросектор

Законот за земјоделско осигурување влегува во владина процедура

Објавено 13/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, информираше дека вчера се завршени финалните консултации со министерот за финансии и дека е дефиниран моделот за Законот за земјоделско осигурување кој е готов и влегува во владина процедура.

– Преку овој закон за земјоделско осигурување овозможуваме земјоделците да ја вратат довербата во компаниите со цел максимално да се осигуруваат земјоделските посеви. Поразителни се бројките за користењето на мерката од Програмата за рурален развој. Околу три проценти од земјоделците го осигуруваат своето производство. Тоа е заради тоа што е изгубена довербата во компаниите. Направивме нов закон и верувам дека Парламентот ќе го усвои овој закон и дека ќе воведеме една нова реформа во земјоделското осогурување што ќе биде уште поголем мотив за земјоделците кога ќе настанат штети да добијат обештетување, рече Николовски.

Николовски очекува овој закон да ги помине филтрите на Собранието и да послужи, како што рече, како дополнителен мотив земјоделците да добијат отштета при некоја непогода и да продолжат со производство.

Во однос на штетите од обилните врнежи кои ги зафатија повеќето земјоделски култури, што придонесе за намалување на бројот на земјоделски производи, Николовски рече дека согласно Законот за заштита и спасување, најголема одговорност во овој дел имаат општините. Тој појасни дека претставниците на општините треба да излезат на терен, да направат записник и по одобрувањето на елаборатите во општинските совети да ги достават до државната комисија за штети.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:закон за земјоделско осигурување
Претходен напис Продолжува поддршката за малите производители, доделени договорите за грант до 10.000 евра за земјоделски производители на храна од животинско потекло
Следен напис Николовски: Во вторник Владата ќе расправа за постапката за набавка на пченица за стоковите резерви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?