Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои домашни животни се најчувствителни на екстремни температури и како да им се помогне?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кои домашни животни се најчувствителни на екстремни температури и како да им се помогне?
АгровестиСовети

Кои домашни животни се најчувствителни на екстремни температури и како да им се помогне?

Објавено 12/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите животни не се подеднакво чувствителни на високите температури. Оние со висок ризик од топлотен стрес ги вклучуваат:

-младите животни
-животните со потемна боја
-животните кои биле болни или имале проблеми со респираторниот систем.

Исто така, во врска со толеранцијата на високите температури треба да се внимава на следново:

–Свињите се многу чувствителни на топлински стрес и изгореници и не треба да бидат изложени на долготрајна директна сончева светлина или екстремни температури. Веќе над 25°C, обезбедете им доволно вода и кал. Избегнувајте да ги транспортирате при вакво време.

–Овците кои се острижени се изложени на ризик од топлотен стрес и изгореници од сонце поради недостаток на топлинска изолација обезбедена од волната.

-Високопродуктивните млечни крави се повеќе погодени од екстремните горештини отколку помалку продуктивните.

–Говедата во лактација се почувствителни од останатите поради дополнителната метаболичка активност која се јавува во тој период.

-На говедата со црни влакна повеќе им пречи директното сончево зрачење отколку на оние со посветли. Исто така, оние со кратки влакна и светла кожа се во опасност од изгореници.

-Расата Холштајн е помалку толерантна од расата Џерси.

-Британските раси на овци и говеда се помалку толерантни од Мерино или говедата чие потекло е од тропски и суптропски краеви.

-Тешките говеда над 450 кг се почувствителни од полесните.

-Говедата, алпаките и ламите се посклони на топлотен стрес отколку овците и козите.

Знаци на топлотен стрес
Ако имате некои од овие видови животни, внимателно следете ги поради знаци на топлотен стрес, кои вклучуваат:

-задишаност
-забрзано дишење
-зголемен внес на вода
-губење апетит
-безволност или летаргија
-зголемено лачење на плунка
-во тешки случаи, животното може да се онесвести.

Како да им помогнете да се разладат?

Во случај на топлотен стрес на животните помогнете им да се разладат.

Веднаш преместете ги во сенка, по можност некаде каде што има промаја. Ако не можат да се движат, обидете се да ги подигнете и да ги преместите или направете сенка над нив.

Понудете им многу ладна, чиста вода и поттикнете ги да пијат почесто, во помали количини. Попрскајте ги со ладна вода, особено на нозете и копитата или ставете ги во вода. Користете прскалки или црева за говедата, свињите и коњите. Над нив ставете влажни крпи. Кучињата и мачките може да се стават во кофи/корита со ладна вода. Живината не треба да се навлажнува освен ако не дува ветер што ќе помогне во процесот на ладење.

Зголемете го движењето на воздухот околу нив со вентилатори, вентилација или ветер (промаја). Намалете го бројот на животни за да им овозможите простор да лежат.

Ако животното не покажува знаци на подобрување, обратете му се на ветеринар за помош.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:говедадобитоккравитоплински стрес
Претходен напис ЕК предлага мерки за намалување на штетното влијание на транспорт врз животната средина
Следен напис Фауната на Охридското Езеро збогатена со уште три вида досега незабележани и неидентификувани ракчиња и полжави
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?