Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светска метеоролошка организација: Изминатата недела беше најжешката во историјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Светска метеоролошка организација: Изминатата недела беше најжешката во историјата
Агропрогноза

Светска метеоролошка организација: Изминатата недела беше најжешката во историјата

Објавено 11/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рекордно топлиот јуни се забележани невидени температури на површината на морската вода и рекордно мала количина мраз на Антарктикот.

Рекордните температури на копното и во океанот би можеле да имаат разорно влијание врз екосистемите и животната средина, велат од Светска метеоролошка организација.

„До високите температури во јуни и почетокот на јули дојде на почетокот на развојот на Ел Нињо, за кој се очекува дополнително да ги зголеми температурите и на копното и во океаните и ќе доведе до поекстремни температури и морски топлотни бранови“, изјави Кристофер Хјуит, директор на климатскиот сервис во Светска метеоролошка организација.

Тој додаде дека може да се очекува дека ќе бидат соборени повеќе рекорди како што се развива Ел Нињо и дека тоа влијание ќе се почувствува до 2024 година.

„Ова е загрижувачка вест за планетата“, рече тој.

Омар Бадур од Светска метеоролошка организација вели дека, според податоците на партнерите на организацијата во различни делови на светот, првата недела од јули поставила нов рекорд во однос на дневните температури.

Извештајот на европската служба за климатски промени Коперникус покажа дека јуни оваа година е нешто повеќе од 0,5 степени над просекот од 1991 до 2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во јуни 2019 година.

Рекордни јунски температури се забележани низ северозападна Европа, делови од Канада, САД, Мексико, Азија и источна Австралија.

Јуни беше постуден од вообичаено на неколку места, вклучително и западна Австралија, западниот дел на САД и западна Русија.

Според податоците на Коперникус, температурите на површинските води во северниот дел на Атлантикот се „неверојатни“, како и температурите на целите океани.

„Температурите во северниот дел на Атлантикот се без преседан и предизвикуваат голема загриженост. Тие се многу повисоки од тоа што беше предвидено“, рече Мајкл Спероу од Светска метеоролошка организација, истакнувајќи дека тоа ќе влијае на екосистемите и рибарството.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:температури
Претходен напис Српските овоштари очајни поради откупната цена на малините
Следен напис Разладување на кравите: Внимавајте како ги поставувате вентилаторите за да не дојде до заболување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?