Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прв закон на ЕУ за квалитетот на почвата: Што ги чека земјите членки?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прв закон на ЕУ за квалитетот на почвата: Што ги чека земјите членки?
Агровести

Прв закон на ЕУ за квалитетот на почвата: Што ги чека земјите членки?

Објавено 07/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија го објави Предлогот за првиот закон за мониторинг на почвата со цел да се заштити, обнови и да се обезбеди нејзино одржливо користење.

Целта е да се обнови здравјето на почвата во земјите членки на Европската Унија до 2050 година. До 70 отсто од површините се оквалификувани дека се во лоша состојба, а над 80 отсто содржат остатоци од пестициди, се вели во соопштението на Комисијата.

Процесите на деградација се одвиваат премногу брзо и го губиме ресурсот од кој зависиме. На неа се одвива повеќе од 25 проценти од биолошката разновидност и е неопходна за да се спречи нејзиното губење. Клучна е за обезбедување здрава храна. Деградацијата влијае на земјоделското производство, плодноста, здравјето на посевите, нивната отпорност на болести и штетници и нутритивниот квалитет на храната.

Научните докази покажуваат дека се случува понатамошна деградација поради неодржливото управување, урбанизацијата, контаминацијата и прекумерната експлоатација, во комбинација со влијанието на климатските промени и екстремните временски појави. Загуби кои произлегуваат од тоа ја чинат Унијата 50 милијарди евра годишно.

Новиот закон има за цел да одговори на клучните закани за овој ресурс во ЕУ, како што се ерозија, поплави и лизгање на земјиштето, губење на органски материи, салинизација, контаминација, набивање, бетонизација и губење на биолошката разновидност.

Законот ќе се спроведува етапно, почнувајќи со воспоставување рамка за следење на почвата и проценка на состојбата во земјите членки за да може да се преземат мерки за обновување на деградираните подрачја. Одржливото управување ќе стане норма на ниво на Унијата. Членките ќе треба да дефинираат кои практики треба да ги спроведуваат управителите на почвата, а кои треба да бидат забранети бидејќи предизвикуваат деградација.

Ќе се бара идентификување на потенцијално контаминирани локации, спроведување истраги на локацијата и справување со неприфатливите ризици по здравјето на луѓето и животната средина, придонесувајќи за животна средина без токсичност до 2050 година. Постојат над три милиони потенцијално контаминирани локации низ ЕУ кои се резултат на индустриско загадување.

Предлогот се упатува на расправа до Европскиот парламент.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ЕУзакон за почва
Претходен напис Денеска ќе се врши дезинсекција за уништување на ларвните облици на комарците на територијата на Битола
Следен напис Резидба на пиперките за поздрав и подобар род
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?