Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Заедно со подсекторската група за жито упатуваме барање, планираната набавка на пченица за стоковите резерви да биде извршена во повеќе лотови, давајќи предност на домашното производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Заедно со подсекторската група за жито упатуваме барање, планираната набавка на пченица за стоковите резерви да биде извршена во повеќе лотови, давајќи предност на домашното производство
Агровести

МЗШВ: Заедно со подсекторската група за жито упатуваме барање, планираната набавка на пченица за стоковите резерви да биде извршена во повеќе лотови, давајќи предност на домашното производство

Објавено 06/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е докажан и искрен пратнер на земјоделците. Мерките што како министерство ги креираме се во директна консултација и разговори со земјоделците и подсектроските групи во министерството.

Токму во разговорите со подсекторската група за жито беа нотирани три барања од земјоделците, поддршка за јачменот и пченицата, како и барање за откуп на домшаните количини за потребите на стоковите резерви.

МЗШВ овие сите три барања на подсекторската група ги смета за основани и прифатливи. Нови мерки за поддршка за производители на јачмен и пченица се веќе креирани и предложени до Владата за усвојување.

Само за потсетување, преку Интервентната програма креираме нова мерка со која даваме поддршка за пченицата, преку дополнителни 3 денари поддршка за продаден килограм пченица кај регистриани откупувачи во период до 31 август 2023 година. Преку измена на Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година. Зголемена поддршка за производителите на житни култури обезбедивме и за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година. Каде ја зголемуваме на 1.500.000 денари по корисник финасиската поддршка и го зголемуваме рокот за предавање на производството во складишните капацитети.

Во врска со последното барање на подсекторската група за откуп на домашни количини пченица за потребите на стоковите резерви, како министерство, во насока на континуитет на поддршката која Владата ја обезбедува за поддршка на домашното производство преку Националниот план за производство на храна, ова барање го сметаме за оправдано.

Оттука, МЗШВ заедно со подсекторската група за жито, до Агенцијата за стокови резерви упатува барање планирананата јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да биде поделена во пет лотови од 3.000 тони, давајќи предност на домашните количини пченица. Ова беше барање на подсекторската група за жито и токму за ова прашање како министерство, веќе на следната владиина седница, ќе доставиме информација до Владата.

Наша цел како министерство и Влада, преку Националниот план за производство на храна кој минатата година го донесовме, е поддршка на домашното производство и поголем мотив за земјоделците да остварат поголем принос значајни култури, а домашното производство да се насочи кон домашните капацитети.

Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:мзшв
Претходен напис Како да направите природен освежувач од ориз?
Следен напис Доступ к зеркалу Vavada казино без ограничений
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?