Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Национален парк Шар Планина: Наносите се блага опомена од природата дека се потребни промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Национален парк Шар Планина: Наносите се блага опомена од природата дека се потребни промени
АгровестиШумарство и водостопанство

Национален парк Шар Планина: Наносите се блага опомена од природата дека се потребни промени

Објавено 06/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од Јавната установа Национален парк Шар Планина во денешното соопштение до јавноста посочуваат дека наносите од кал, земја и камења кои вчера од Шара се спуштија во Теарце се само блага опомена дека недоволно ја разбираме сериозноста дека ни се неопходни промени. Велат дека според мапата за ризици од поплави во Полошкиот регион, специфичната геологија на теренот, наклонот и силните невремиња проследени со обилен дожд и ветер ги прават планинските села и урбаните делови во подножјето на Шар Планина меѓу најранливите во земјава.

– Шумските комплекси имаат значајна заштитна функција. Прекумерното и неодржливото искористување на шумите во минатото довело до големи површини од нискостеблени шуми и шуми со различни форми на деградација. Токму затоа, за секоја сеча на огревно дрво е потребна дозвола од Јавната установа Национален парк Шар Планина. Режимот на движење за моторните возила е исто така воспоставен за да се намалат илегалните активности, ерозивните процеси и загадувањето на водите, велат од НП Шар Планина.

Во изминатите месеци на територијата на Националниот парк тие евидентираа скоро 800 градби вон населените места, а на територија на Општина Теарце 115 градби.

– Урбанизацијата ја нарушува рамнотежата на почвата, што доведува до ерозија, зголемување на истекувањето по дождот и доведува до поплавување. Непланската и несоодветна урбанизација доведува до зголемување на населението кое е изложено на поројни поплави. Дополнително, некои населени места се директно изложени на штети/опасности предизвикани од паѓање на карпи и лизгање на земјиштето. Голем дел од идентификуваните градби се исто така објектите на малите хидроелектрани. Сите тие се наоѓаат во поројните водотеци, а немањето соодветни пропусти, намалувањето на профилот и протокот на реките, влијание негативно врз текот на реката и претставуваат трајна опасност од излевање и поплавување. Токму затоа, Ј.У.Н.П Шар Планина, цврсто стои на своите ставови дека на територијата на Националниот парк малите хидроелектрани не се добредојдени, посочуваат стручните лица од Националниот парк.

Од установата повикаа сите општини во Полошкиот регион, граѓани и други релевантни институции, да ги почитуваат законите за да сите бидат заштитени од катастрофи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Национален паркприродатапромениШар планина
Претходен напис Се зголемуваат површините под органско земјоделство во земјите од Европската Унија
Следен напис Како да направите природен освежувач од ориз?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?