Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто шпанските земјоделци повторно се на улиците на Мадрид?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зошто шпанските земјоделци повторно се на улиците на Мадрид?
Агровести

Зошто шпанските земјоделци повторно се на улиците на Мадрид?

Објавено 06/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шпанските земјоделци повторно излегоа на улиците на Мадрид со трактори.

Сојузот на синдикати на земјоделци и сточари ги обедини производителите да побараат поголема помош и брзина во имплементација на претходно одобрените мерки кои треба да ја надоместат штетата предизвикана од сушата и зголемувањето на трошоците за производство, пишува Unió de Pagesos.

Во колоната демонстранти учествуваат околу 150 трактори од Кастиља-Ла Манча, Кастиља и Леон, Екстремадура, Валенсија и Каталонија. Почнаа од Пуерта де Алкала, а целта беше да стигнат до седиштето на Министерството за земјоделство, рибарство и храна.

Синдикатот во соопштението за медиумите посочи дека помошта што ја одобри Владата ќе може да покрие само три отсто од загубите. Тие бараат поголема одговорност и одлучност од министерот за земјоделство Луис Планас во решавањето на насобраните проблеми. Во изминатите месеци, Синдикатот одржа собири и протести во различни делови на земјата за да укаже на пропаѓањето на селата и земјоделските производители.

parte de la tractorada convocada por la unión de uniones de agricultores y ganaderos a su paso por la avenida de la constitución de torrejón de ardoz camino de madrid. pic.twitter.com/NX8m5u8UNi

— víctor rodríguez (@v_rodrigarroyo) July 5, 2023

Минатата недела Европската комисија објави предлог за нов пакет за поддршка на земјоделството од 330 милиони евра во борбата против сушата плус 100 милиони евра од првата транша од финансирањата поврзани со последиците од војната во Украина. предложени уште во мај.

Според тој предлог, на Шпанија и се доделени најмногу, 81.082.911 милиони евра, но тие средства се уште не се одобрени.

Потсетуваме дека Шпанија е погодена од долготрајна суша. Веќе се проценува дека врнежите ќе бидат за 18,8 отсто помалку од просечната вредност помеѓу 1991 и 2020 година.

Извештајот за сушата укажува на загрижувачка ситуација. Загубите се големи, а нема индикации дека ќе се промени времето. Житарките се загрозени. Во некои области, не може да се започне со жетва. Ситуацијата не е подобра ниту за другите култури.

A Molina de Aragón, a 200 km de Madrid, camí de Guadalajara#MarxaPagesaSequera#TractoradaMadrid#MarchaDeLaSequia

DEMÀ:
11 h 🧑‍🌾🚜 Porta d'Alcalá
11.30 h 👥 @mapagob pic.twitter.com/pI72cCmgOb

— Unió de Pagesos (@uniopagesos) July 4, 2023

Загубите се проценети на 4,805 милиони евра и пречекорување на трошоци за добиточна храна од 7,987 милиони во однос на петгодишниот просек. Во овие износи не се вклучени загубите на овоштарскиот и лозарскиот сектор, кои би можеле да бидат значителни.

Земјоделците протестираат велејќи дека Министерството не ги слуша нивните проблеми и дека е неопходно да се донесат фискални мерки, како што е прилагодување на модулот за данок на доход или нивно ослободување од даноци поврзани со управувањето со водите, вклучително и квоти за наводнување. Нагласуваат и дека државата не одговорила со социјални мерки за земјоделството, како што е ослободувањето од квоти од посебниот режим на самовработени работници во земјоделството за една година.

Предупредуваат дека доколку итно не се решат последиците од сушата, ќе биде загрозен опстанокот на земјоделството и земјоделците.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:unio de pagesosпротестишпанија
Претходен напис Николовски: Во текот на следната недела ќе протече вода низ цевководот Макарија
Следен напис Бабовски: Со зоонози луѓето можат да се инфицираат и преку одредени производи – млеко, месо, јајца
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?