По детектираното оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини. Министерот Љупчо Николовски информираше дека интензивно се работи на санација на цевководот и дека веќе во текот на следната недела се очекува да протече вода низ него.

„Доказ за брзо и ефикасно решавање на сите предизвици со кои се соочуваат нашите земјоделци. Интензивно се работи, и со полна пареа на санација на цевководот Макарија. Веќе во текот на наредната недела ќе протече вода низ цевководот, при што површините под кајсија и праска во Росоман и Градско ќе го имаат својот род.

Граѓаните да останат спокојни, сезоната е спасена, а ние секогаш сме на страната на земјоделците.“, напиша министерот Николовски на својот фејсбук-профил.

