Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Ја сакам Плачковица“ по 19. пат во организација на штипските планинари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Ја сакам Плачковица“ по 19. пат во организација на штипските планинари
АгровестиСаеми и манифестации

„Ја сакам Плачковица“ по 19. пат во организација на штипските планинари

Објавено 06/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фестивалот „Ја сакам Плачковица“ викендов ќе се одржи по 19. пат. Во двата дена планирана е богата програма со активности за кои пријавувањата се во тек. Милорад Ангелов од планинарското друштво „Лисец“ на прес-конференција истакна дека пристигнала и најава за присуство на планинари од соседните земји, а се очекува да имаат над 1.000 гости.

-Навистина, оваа година интересот за сите активности е голем. Она што е интересно е дека не само што имаме интерес од цела Македонија, туку се јавија и групи од Бугарија, Србија, коишто ќе присуствуваат на нашиот Фестивал. Бројката, според некои наши прогнози, за посетеност, е над 1000 души, вели Ангелов.

Една од активностите е планинската трка којашто се одржува по вторпат, а е од рекреативен карактер за сите коишто сакаат да бидат дел од планинско трчање. И годинава ќе се одржи и велосипедска тура, во должина од околу 40 километри и висинска разлика од 1000 метри.

-Осумнаесет километри е должината на патеката. Започнува од Планинарскиот дом „Вртешка“, се оди до Туртел, врв од штипскиот дел на Плачковица, и се враќаме повторно во Планинарскиот дом „Вртешка“. Висинската позитивна разлика е 750 метри надморска висина. Исто така ја имаме и детската трка, в недела, од 10:00 часот, истакна Бојана Стефанова, член на ДПС „Лисец“.

На прес-конференцијата, Никола Грозданов од МТБ Штип истакна дека секој што ќе учествува на велосипедската тура, должен е да дојде психо-физички спремен, да има исправен велосипед и да носи задолжително заштитен шлем или кацига за да не дојде до несакани падови.

Други активности кои се дел од овогодинешната програма се и спелеолошката акција со посета на пештери и „виа-ферата“ искачување на врвот Лисец. И годинава можност има и за качување на вештачка карпа за почетници и авантуристи.

Настанот се одржува со поддршка на општините Штип и Карбинци, а е во рамки на 38. издание на манифестацијата Штипско културно лето.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:плачковица
Претходен напис Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Следен напис Затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово поради асфалтирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?