Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Министерот Николовски најави дополнителна поддршка за пченицата и јачменот предадени кај домашни откупувачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Министерот Николовски најави дополнителна поддршка за пченицата и јачменот предадени кај домашни откупувачи
АгровестиСубвенции

(ВИДЕО) Министерот Николовски најави дополнителна поддршка за пченицата и јачменот предадени кај домашни откупувачи

Објавено 04/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на прес-конференцијата во просториите на МЗШВ информираше дека сите субвенции се веќе исплатени и тоа пред законскиот рок.

„Согласно законскиот рок, и тоа можеби е за првпат во овие 15 години, сите основни плаќања по грло и по површина се веќе исплатени пред законскиот рок. Започнавме и со исплата на сите интервентни мерки. Брзо и навремено, уште од февруари, субвенциите ги добија поледелците, лозарите, тутунарите, овоштарите, сточарите, млекопроизводителите. Сите барања на земјоделците од терен како и барањата на потсекторските групи внимателно ќе бидат разгледани и нашите политики ќе бидат засновани токму во текот на годината да интервенираме и да излеземе во пресрет на барањата.“, рече Николовски.

Исто така министерот најави дополнителна поддршка за јачменот и пченицата.

„По денешните консултации со претседателот на Владата сакам да најавам дека Министерството е подговено и ќе излезе пред Владата со нов пакет мерки кои го опфаќаат производството на жито. односно дополнителна поддршка за јачменот и пченицата. Преку Интервентниот фонд оваа година приоритет ќе дадеме за поддршка за пченицата. Предлагаме дополнителни три денари за предаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во Република Северна Македонија. Со ова производителите на пченица покрај основните плаќања кои веќе се исплатени, покрај зелената нафта за која ќе добијат зелени картички во текот на летото, во овој период ќе ја утврдиме и оваа поддршка и овие средства ќе бидат исплатени исто така брзо и навремено. Целта на мерката од три денари за килограм предадена кај домашни откупувачи, е за да ги надополниме домашните капацитети за домашно производство на храна кое треба да се зголеми.“, информираше Николовски.

„Во Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.
Се зголемува рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен, кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година, со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство.
Очекуваме зголемени колчини и затоа ја зголемуваме сумата за оваа мерка од 500.000 на 1.500.000 денари по корисник.“, рече Николовски.

Целата изјава на министерот Николовски можете да ја погледнете во следното видео.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јачменниколовскипченица
Претходен напис УХМР за утре најавува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град
Следен напис Николовски: Со измените висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?