Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени 232.2 милиони денари субвенции кон 8.435 корисници за употреба на сертифициран семенски материјал во полјоделското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Исплатени 232.2 милиони денари субвенции кон 8.435 корисници за употреба на сертифициран семенски материјал во полјоделското производство
Агровести

Исплатени 232.2 милиони денари субвенции кон 8.435 корисници за употреба на сертифициран семенски материјал во полјоделското производство

Објавено 27/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализираше исплата на директните плаќања за користен сертифициран семенски материјал за сите полјоделски култури, освен тутунот.

Вкупната вредност на исплатата изнесува 232.2 милиони денари, кон 8.435 корисници.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои пријавиле употреба на сертифициран семенски материјал за производство на пченица, јачмен, пченка, рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, памук, анасон, шеќерна репка, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут, луцерка, и ориз.

Преку оваа подмерка се поттикнуваат полјоделците да употребуваат сертифициран семенски материјал, инвестирајќи во квалитетен род и зголемен принос. Реализацијата на исплатата за оваа подмерка доаѓа навремено во период кога актуелна е и жетвата на житните и индустриски култури, што дополнително ќе ги помогне земјоделците во трошоците.

Земјоделците оваа година се сведоци на наврменеа исплата за сите директни плаќања предвидени од програмата. Навремено уште на почетокот од годината беа исплатени и основните директни плаќања за полјоделски култури, што заедно со исплатата на оваа поддмерка достигнува до 650 милиони денари поддршка за овој сектор.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека во наредниот период реализирана ќе биде и финансиската поддршка за предадени житни и индустриски култури во домашни преработувачки капацитети како и исплатата за произведени и предадени овошни и градинарски култури.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:исплатениполјоделски културисеменски матријал
Претходен напис Членовите на ПСК „Осогово“ од Кочани маркираа планинарска патека до врвот Китка
Следен напис Бислимовски: Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за струјата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?