Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Победнички зелени идеи за 2023: Регенеративна економија во мода и протеинска храна од инсекти и леблебија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Победнички зелени идеи за 2023: Регенеративна економија во мода и протеинска храна од инсекти и леблебија
Агровести

Победнички зелени идеи за 2023: Регенеративна економија во мода и протеинска храна од инсекти и леблебија

Објавено 21/06/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 20-ти јуни „АРНО“ ги прогласи победниците од овогодинешниот натпреварот „Зелени идеи“. Жири комисијата на натпреварот во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Дизајн на ташни со техника на плетење без создавање на отпад. Изработени од самохрани мајки; “ на Натали Ристовска- ЈОВАНКА МАИСОН ДООЕЛ Скопје и „Дизајнерски шапки“ на Мирјана Јосифоска од ДПТУ МИР-ЈОС ДООЕЛ, додека за ембрионска победничка идеја беше избрана идејата на Благојче Нaјдовски „APICO-PRO SUPERFOOD“. Во трите идеи постои силен бизнис модел за интеграција на локалните заедници, додека во двета постоечки компании видлива е заложбата за регенеративна економија.

Жирито кое ги оценуваше пристигнатите апликации беше во состав на експертите: Марија Ѓошева-Ковачевиќ од „Земјоделски Институт – Скопје”, Миранда Ајдини од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Робертина Брајаноска од Македонско еколошко друштво (МЕД), Глигор Михаиловски од Асоцијацијата за менаџмент и консалтинг-„МКА2000“ и Галена Канингам од „Македонија 2025“. За националните победници партнерите повторно обезбедија поддршка: вредносни ваучери за консултантски услуги од Асоцијацијата за менаџмент и консалтинг „МКА2000“, бесплатна регистрација на платформата Connect2MK и менторски услуги и/или учество во програма CESO SACO на „Македонија 2025“ и бесплатно двегодишно членство во Стопанска комора на Северо-западна Македонија. Oваа година, на трите национални победници АРНО им додели промотивни пакети од еко садливи картички изработени од македонскиот зелени бизнис Визарт-поранешен победник на натпреварот.

„ И годинава, како и лани, имаме победничка идеја поврзана со инсекти и протеинска храна, светскиот предизвик е тој, и еве наши локални решенија. Се радуваме што имаме македонски иноватори. Интересно е што годинава, во 9 години организирање на натпреварот, даваме шанса на две нови компании да ја докажат својата силна заложба за регенеративна економија во областа на модата. Силниот елемент на бизнис модел на социјално претпријатие и вербата дека младите девојки вистински стојат зад зелената димензија го охрабри жирито да каже да за одржлива мода. Имаме два македонски бренда многу солидни, подготвени да настапат на пазарот со производи направени исклучиво по нарачка, и ние сакаме да видиме бизниси кои прават и профит и добро за локалните заедници.“ – изјави Ирина Јаневска од АРНО.

„Нашите производи се создадени од остатоци од текстилен отпад од фабрики во земјава, при што го намалуваме текстилниот отпад и негативното влијание врз животната средина. Од остатоците создадени за време на производството на шапките, правиме помали додатоци за коса – стегачи. Притоа, сите призводи може да се разградат од 6 недели до 6 месеци. Самата програма на АРНО

беше супер вклучувајќи ги и работилниците на кои што учествував пред почетокот на натпреварот и многу ми е мило што во нашата земја се поддржуваат зелени идеи и зелени бизниси. “-изјави Мирјана Јосифоска

„Yova е првиот македонски етички моден бренд. Рачно изработуваме модни додатоци со техника на хеклање и без создавање на отпад. Се грижиме целиот животен циклус на еден производ да е етички и затворен, а тоа значи дека не само што се грижиме еден производ да има долг рок на траење, туку како, со што и под кои услови е направен и што се случува кога неговиот животен век ќе заврши. Како жени основачи, се грижиме за поддршка на жените, па така нашите производи се изработени од самохрани мајки и од жени од ранливи категории и рурални области.“ изјави Натали Ристовска

„Нашиот производ Apico-Pro е иновативна алтернатива протеинска функционална супер храна на база на инсекти за здрав живот за целото семејство. Ние нудиме нов пристап и технологија за производство на Apico-Pro кој е комбинација од растителни протеини (локално произведена леблебија која е позната со векови на овие простори) и високо нутритивен прав од трутовски ларви кој се произведува со сушењето на ларвите во услови на вакум со замрзнување на ултра ниски температури, познато и како лиофилизација. Ме импонираше фактот дека мојата идеја беше прогласена за една од 3-те победнички. Ми претставува предизвик и потстрек да одам понатаму. Сакам да отворам и стартап компанија преку која целата палета на производи кои ги презентирав на натпреварот ќе се најде на полиците на продавниците.“ -Благојче Најдовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијазелени идеиинсектилеблебијапротеинска храна
Претходен напис Аплицирајте за субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци
Следен напис Приведени дрвокрадци во кочанско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?