Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дваесетина сандаци со пчелни семејства уништени од мечка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дваесетина сандаци со пчелни семејства уништени од мечка
Агровести

Дваесетина сандаци со пчелни семејства уништени од мечка

Објавено 20/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дваесетина сандаци со пчелни семејства се уништени најверојатно од мечка ноќеска на имот на пчеларот Владимир Гавриловски во тетовско Непроштено, Општина Теарце.

Оваа неприлика со која се соочил пчеларот е дел од состојбата која овој месец е честа во потшарпланинскиот регион, посочуваат од здруженијата на пчелари.

-Во текот на оваа година, заклучно со денеска (20 јуни) во СВР Тетово пријавени се вкупно 33 случаи на направена штета од дивеч.

Најголемиот број од пријавените случаи се однесувале на поширокото подрачје на Теарце, а најчесто биле напаѓани сандаци со пчели, најверојатно од диво животно (мечка). Во овој период евидентирани се и неколку случаи на усмртен добиток, крави, кози и друго, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Јуни и јули се месеците кога во тетовскиот регион се собира приносот од работата на пчелите. Пчеларите во тетовскиот регион периодов ги завршуваат работите за собирање на медот од пчелните семејства, за да во август започнат со подготовките за зимските месеци.

-Не е мал бројот на пчелари кои не го пријавуваат оштетувањето поради долгта процедура за обесштетување, изјави Владимир Петровски од здружението на одгледувачи на мед „Полошки мед“.

Ако пчелните семејства се уништени од диви животни особено мечка, која е заштитена и не смее да се лови, тогаш тешко оди обесштетувањето на пчеларите. Тоа можат да добијат само ако ја тужат државата а тоа трае многу години.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Николовски: За прв пат од независноста изготвивме и денес ја презентираме нацрт стратегијата за развој на лозарството и винарството во наредните 10 години 
Следен напис Нов, изолиран случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?