ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на
Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.
Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 за Република Северна
Македонија се очекуваат многубројни придобивки како на пример:
– подобрување на стандардот на земјоделците,
– подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,
-зголемување на вработеноста во руралните средини,
-подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.
Инвестиција за која има доста голем интерес во последно време е инвестицијата во производство на електрична енергија од алтернативни извори на енергија како што се сонце, ветер, биомаса и сл.
За поздравување е тоа што ваквиот тип на инвестиции се поддржани и прифатливи од страна на ИПАРД 3 програмата и тоа :
Преку МЕРКА 1 (ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА ) и МЕРКА 3 (ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ)
- Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка, преку
обработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен
биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или биогорива, користење на
сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.
- Инвестиции во згради/опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
Преку МЕРКА 7 (ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ)
Производство на енергија од обновливи извори наменета за продажба вклучувајќи
- преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, освен
биомаса од рибни производи; - преработка на земјоделски производи за производство на биогориво;
- преработка на шумска биомаса;
- производство на енергија од обновливи извори (сонце и ветер).
Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.
За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на [email protected] или да нè контактирате на телефонските броеви: 070/267 789, 071/285 385, 071/225 345
