Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши изградбата на системот за водоснабдување за осум села во Карбинци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заврши изградбата на системот за водоснабдување за осум села во Карбинци
АгровестиШумарство и водостопанство

Заврши изградбата на системот за водоснабдување за осум села во Карбинци

Објавено 15/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заврши изградбата на цевководот, Филтер станицата и пристапниот пат во Општина Карбинци, со што вода за пиење се обезбедува за жителите на осум села во оваа општина од Хидросистемот „Злетовица“. По тој повод министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Карбинци.

Тој посочи дека оваа значајна инвестиција е вредна 165 милиони денари, финансирана со средства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која е дел од првата фаза на проектот за водоснабдување преку Хидросистемот „Злетовица“. Од овој систем вода за пиење добиваат општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, а наскоро Карбинци и Лозово.

– Оваа 2023 година со право ја нарекуваме година на нови можности во земјоделството. Година во која пред нас си поставивме пет клучни столбови по кој ја темелиме нашата работа. Токму вложувањето во капитални инвестиции за за изградба на нови и реконструкција на постојните водоснабдителсни системи е еден од тие пет столбови. Затоа оттука сакам да ви најавам дека како министерство го водиме процесот за целосно комплетирање на овој исклучително важен проект за истокот, преку кој обезбедуваме водоснабдување за околу 80 илијади жители, вели Николовски.

Посочи дека пред неполн месец на седница на Влада е помината информацијата со која се обезбедуваат дополнителни 800 милиони денари средства за комплетирање на Фаза1 од овој значаен проект.

-Овие обезбедени средства ќе бидат распределени во следните три буџетски години за целосно довршување на започнатите планирани активности, во рамки на потпрограмата 6А за Хидросистемот „Злетовица“. Денес, преку оваа инвестиција од капитално значење го подобруваме квалитетот на живеење во општината и осум околни села. После општина Штип и општина Карбинци добива квалитетна вода за пиење со модерна ултрафилтрација за прочистување, рече Николовски.

Забележа дека за нив како министерство развојот на руралните средини е од посебна важност. Вложувајќи во подобрување на условите за живот во руралните средини со цел создавање достојни услови за живот и враќање на жителите кон овие краеви.

-Враќањето кон руралните средини произведува нова вредност, зголемена земјоделска активност, а со тоа и зголемување на производството на храна, што директно ја зајакнува домашната економија и влијае позитивно на стандардот на граѓаните, вели Николовски.

Министерот посочи дека во моментов на државно ниво се реализираат клучни капитални проекти, како што се изградбата на браната Конско која е во завршана фаза, потоа главен цевковод Равен Речица на кој интензивно се работи и очекува во брз временски рок негово финализирање.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека 80 отсто од населението во Општина Карбинци ќе имаат чиста вода за пиење од овој систем. Во моментов се прават тестирање на Филтер станицата, а се чека и дозволтата од АХВ со цел да се пушти преработената вода за пиење до осумте села во Карбинци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:карбинцилипково
Претходен напис Обилните врнежи ги преполнија браните Липково и Глажња, но нема опасност од излевање на реките
Следен напис И денеска дожд и грмежи, потопло од понеделник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?