Денес Европската Унија и европските институции уште еднаш ја покажаа поддршката на ЕУ за нашата земја.
Европратениците во Европскиот Парламент со огромно мнозинство гласови го усвоија предлогот на Европската комисија за макрофинансиската помош за Северна Македонија за поддршка на македонската економија од последиците од воената агресија на Русија врз Украина.
Благодарност за ЕУ која секогаш била со нас во време на криза и која е наш партнер во економската и социјалната трансформација на македонското општество за побрз напредок и постигнување резултати кои нè доближуваат до ЕУ.
Фејсбук статус на Бојан Маричиќ – Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања
