Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Под покровителство на Општина Дојран се одржа традиционалниот фестивал на храна, обичаи и култура, „Дојран Гурман Фест“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Под покровителство на Општина Дојран се одржа традиционалниот фестивал на храна, обичаи и култура, „Дојран Гурман Фест“
АгровестиРурален РазвојСаеми и манифестации

(ФОТО) Под покровителство на Општина Дојран се одржа традиционалниот фестивал на храна, обичаи и култура, „Дојран Гурман Фест“

Објавено 12/06/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под покровителство на Општина Дојран на градскиот пазар во Нов Дојран и оваа година се одржа традиционалниот фестивал на храна, обичаи и култура „Дојран Гурман Фест“.

„Гурман фест“ е традиционален гастрономски настан, на кој се презентира кулинарското наследство со специјалитети од дојранско и неговото богато поднебје.

На традиционалната манифестација која вчера вечер се одржа на градскиот пазар во Нов Дојран, се изведе драмата – „Маалска кавга“ која им е добро позната на Дојранчани.
Драмата датира од многу одамна, преработена е и дополнета според книгата на Ристо Тасев – „Дојране, ах мој Дојране“.
Во драмата се негува дојранскиот дијалект, и на еден смешен и шеговит начин е прикажан секојдневниот живот на дојранчани во минатото.

„Несомнено, оваа драма е дел од богатата културна ризница со која општина Дојран се гордее.
Голема благодарност до Кети Неделкоска и Ленче Илкова за посебниот придонес за драмата, кои беа во улоги на Мара и Љопа и ги разбудија спомените на дојранчани од старите времиња.“, рече градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов.

Домаќин на настанот беше Здружението на жени – „Дојрана“ од Дојран.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:„Дојран Гурман Фест“анѓо анѓовгурманскадојранманифестацијаопштина дојран
Претходен напис (ВИДЕО) Студенти развиле самоуправувачки робот за уништување инсекти штетници
Следен напис Одгледувањето пченица во Шведска достигнува рекордни нивоа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?