Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како да се заштити виновата лоза од ботритис?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Како да се заштити виновата лоза од ботритис?
АгровестиСовети

Како да се заштити виновата лоза од ботритис?

Објавено 12/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Симптомите на сивата мувла (Botrytis cinerea) може да се видат на гроздовите, пред, за време и по цветањето, на ливчиња и бобинките на плодот. Најчесто инфекциите започнуваат кога подолг период се задржува влажно, дождливо и ладно време.

Пред или за време на цветањето, целиот кластер наеднаш станува кафеав, станува „воденест“ и набргу се засушува. При дождливото време, тие се покриени со сива пајажина. Во лето, бобинките или делови од плодот стануваат кафеави и се сушат. Пред бербата, нагло скапуваат, покриени со сива мувла. Бортритисот се развива и се шири многу брзо за време на дождливото време пред берба. Посилниот напад принудува на порана берба.

Посебно внимание треба да се посвети на сортите со збиени гроздови, кои се дополнително почувствителни на нападот на сивата мувла, како што се шардоне, рајнски ризлинг, совињон и други. Се разбира, неопходно е да се следат и контролираат гроздовите молци.

Габата презимува во кората на заразените лози, во лозјето. Раширена е насекаде, бидејќи напаѓа и други растенија. Најважно е да се знае дека во гроздовите се населува веќе за време или по цветањето. Се шири со помош на спори, кои се наоѓаат во сивата пајажина. Може да зарази неоштетени и уште повеќе оштетени бобинки.

Виновата лоза не треба премногу да се нажубрува и да не се одгледува премногу густо. Непотребните ластари и листови треба да се отстранат за да може лозата да добие повеќе воздух, а при врзувањето фиданките да не се притискаат цврсто. Гроздовите да се изложат на сонце со вадење на листовите, а при резидбата исечените лози треба да се извад од плантажата. Треба да се внимава на сортите чувствителни на ботритис и да се изврши заштита на лозата од молци.

Ботритисот се сузбива со специјални фунгициди – ботритициди на база на активни материи фолпет (еден кг/ха), боскалид (0,1 – 0,12 проценти), флуопирам (0,05 проценти).

Потребно е да се направат три прскања, првото веднаш по цветањето, второто пред затворањето на гроздовите, а третото 14 до 21 ден после тоа. Да се води сметка за каренцата.

Некои фунгициди кои се користат против пламеница го намалуваат нападот на сивата мувла, како што се препаратите на база на фолпет (0,2 проценти).

Извор: Аgroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ботритисвинова лозагрозјелозје
Претходен напис Се одржа првиот саем за агротуризам „Посети ја Вратница“
Следен напис Масло од кантарион – Се прави едноставно, а благотворно делува на телото и душата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?