Од 16:30 до 18:20 часот градот Делчево беше зафатен со големо невреме (врнежи од дожд и град). Поплавени се повеќе од 60 објекти во населбата ,,Пролет”, ул. ,,Индустриска” (Маршал Тито).
На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД Брегалница со цела нивна екипа, и вршат испумпување на вода од поплавените објекти. Поголем дел од градот е електрична енергија.

Врнежите од град биле со големина на лешник и предизвикале штети на дел од раноградинарските култури и на дел од овошните насади, објави МИА.
Од фотографиите и видео-снимките објавени од граѓаните на Делчево на социјалните мрежи можат да се видат поплавени улици, а нивото на водата достигнува речиси до прозорците на автомобилите.





