Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради птичјиот грип прогласена вонредна состојба во Бразил
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради птичјиот грип прогласена вонредна состојба во Бразил
Агровести

Поради птичјиот грип прогласена вонредна состојба во Бразил

Објавено 29/05/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бразилското Министерство за земјоделство прогласи „вонредна состојба за здравјето на животните“ низ целата земја, бидејќи случаите на птичји грип се откриени кај дивите птици.

Мерката, која ќе биде во сила 180 дена, има за цел „да се спречи (болеста) да влезе во производството на живина, како и да се зачува дивата фауна и флора и здравјето на луѓето“, се вели во соопштението на бразилското Министерство.

-Ова овозможува мобилизирање на ресурсите за да се спречи ширењето на вирусот. Забранети се и саеми, натпревари и живинарски изложби – додаваат од министерството.

Бразилските власти соопштија дека откриле три нови случаи на птичји грип, со што вкупниот број регистриран во земјата од средината на мај се искачи на осум. Сите случаи се однесуваат на диви птици во неколку области низ Бразил.

Бразил е најголемиот светски извозник на пилешко месо со 35 отсто од пазарот, според податоците на Бразилското Министерство за земјоделство од 2022 година.

Птичјиот грип е причина за високата смртност кај дивите птици и живината. Оваа болест е ретко забележана кај луѓето и обично се јавува преку близок контакт со заразени птици.

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:бразилптичји грип
Претходен напис АД Водостопанство: Интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок на оштетувањето на сифонот Макарија на ХМС „Тиквеш“
Следен напис Урбано земјоделство – Земјоделство во затворен простор со помош на современа технологија која обезбедува најоптимални услови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?