Зелената недела на ЕУ ќе се одржи од 3 до 11 јуни 2023 година. Во тој период ќе се одржат бројни активности кои имаат за цел приближување на еколошката политика на Европската Унија.
Целта е да се поттикнат поединците, заедниците и организациите да преземат посилни активности во иднина со цел заштита, зачувување и обновување на животната средина за сегашните и идните генерации, притоа постојано промовирајќи го одржливиот развој, велат организаторите.
Главната конференција ќе се одржи во Брисел, на 6 и 7 јуни, а во согласност со Годината на вештини, партнерските настани во 2023 година ќе се фокусираат на темите за вештини за одржливи, отпорни и социјално праведни заедници.
Во текот на неделата, низ Европа и пошироко ќе се одржуваат настани организирани од училишта, универзитети, деловни асоцијации, еколошки организации, граѓанско општество и владини агенции.
Можете да дознаете повеќе за програмата на конференцијата на овој линк, како и список на партнери и настани низ Европа и светот на оваа интерактивна мапа.
