Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отпадоци во главниот канал на хидросистемот „Брегалница“ предизвикаа опасност од поплавување во Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отпадоци во главниот канал на хидросистемот „Брегалница“ предизвикаа опасност од поплавување во Кочани
АгровестиРурален Развој

Отпадоци во главниот канал на хидросистемот „Брегалница“ предизвикаа опасност од поплавување во Кочани

Објавено 26/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓанска неодговорност предизвика опасност од излевање на водата од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“ и поплавување на куќи и други објекти кај Територијалната противпожарна единица во Кочани.

Фрлените отпадоци, остатоци од мебел, остатоци од домашни животни, пластична амбалажа и друг вид ѓубре ја затнаа решетката на каналот пред подземниот тунел и сериозно го покачија нивото на водата во каналот.

Вработените во водостопанската подружница од Кочани со итна интервенција исчистија околу половина тон отпадоци и спречија да дојде до поголема катастрофа.

-При интервенцијата беа извадени големи колични ѓубре, главно најлони што го попречуваа нормалниот проток на водата, па нивото во каналот се качи до критична точка. Ако не интервениравме на време, за половина час ќе беа поплавени дел од објектите во кругот на противпожарната единица и куќите што се близу до каналот. Повеќепати апелираме до граѓаните да не фрлаат отпадоци, но како што може да се види овде имаме извадено стари телевизори, најлони, ѓубришта, остатоци од вегетација што се фрлаат од бавчите, од кроење лозја, сето тоа се фрла во каналот. Имаме решетка за да не го пропушта ѓубрето, но штом се насоберат отпадоци на неа тоа претставува сериозен проблем, истакна Станче Стефанов од водостопанската подружница „Брегалница“.

Со максимална количина од околу десет кубни метри вода во секунда, што поради наводнителната сезона е пуштена во каналот, лесно може да дојде до излевање, особено на критичните места каде што тој влегува под земја, а нив во Кочани ги има на неколку локации. Мобилните екипи досега успеваат за краток период да ги исчистат отпадоците, но ако тоа се случи во вечерните часови, опасноста од поплавување ќе биде реалност, додаваат од водостопанската подружница.

За ваквиот неодоговорен однос на граѓаните веќе се известени надлежните инспекциски и полициски служби, за што ќе се бара преземање соодветни мерки и санкции против прекршителите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кочанихидросистем брегалница
Претходен напис Во Европа се појави нова болест на преживарите – Клиничките симптоми не се разликуваат од болеста син јазик
Следен напис (Интервју) Фатмир Битиќи: Со донесувањето на закон за задолжително осигурување ќе се овозможи сигурност во земјоделското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?