Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здружението „Балкански вина“ – прв чекор кон регионална винска иднина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Здружението „Балкански вина“ – прв чекор кон регионална винска иднина
Агровести

Здружението „Балкански вина“ – прв чекор кон регионална винска иднина

Објавено 25/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првото издание на симпозиумот „Балкански вина“ беше во знакот на идната заедничка промоција на целиот балкански вински регион. Поддржан од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ОН ФАО) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), овој значаен настан на едно место ги собра винските ентузијасти, меѓународни експерти од индустријата и регионалните винарии за да ја прослават иницијативата за основање на „Балкански вина“ и да ја промовираат исклучителната винска приказна од Балканот.

Настанот започна со серија инспиративни говори за соработка од Светозар Јаневски, претседател на Вина од Македонија; Милош Миловановиќ, специјалист за поддршка на инвестиции во агробизнисот во Инвестицискиот центар на ОН ФАО; Немања Гргиќ, главен менаџер за агробизнис во ЕБОР; како и Љупчо Николовски, македонскиот министер за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на Вина од Македонија ги претстави визијата и целите на заедничката иницијатива „Балкански вина“. Таа посочи дека новото здружение ќе биде здружувачки фактор за винските индустрии од регионот. „Стратешката иницијатива ќе го поплочи патот кон уникатни вински понуди, одржливи практики и зголемена интернационална препознатливост како и развој на винскиот туризам“, посочи Јеленковиќ.

Фредерик Џулија, меѓународниот експерт на проектот, ја претстави маркетинг стратегијата за заедничко претставување на балканските вински индустрии. Според неговите согледувања, балканските земји имаат одлична географска позиција и клима за производство на вино, имаат локални сорти кои го прават овој регион особено автентичен, но и одличен микс на големи и мали винарии кои придонесуваат кон разнолична и силна винска индустрија.

Симпозиумот послужи како кулминација на еднонеделното патување, на кое реномирани светски вински новинари ги посетија шесте земји од Западен Балкан. Целта на патувањето беше да се открие неискористениот потенцијал на балканските вина. На првата панел дискусија тие ги споделија нивните впечатоци од патувањето и дадоа сопствени препораки и согледувања за здружениот пат напред. Нивните препораки се однесуваа на пофокусиран брендинг, промовирање на локалните сорти и градење на балкански вински патишта кои ќе вклучуваат заокружена туристичка понуда која нема да биде фокусирана само на винската дегустација.

Втората панел дискусија беше посветена на одржливото производство на вино. Јакопо Монѕини, офицер за управување со природни ресурси во ФАО; Стефано Скардокиа, менаџер за известување за одржливоста во Банфи; како и Радош Вукиќевиќ, извршен директор на ВВ „Тиквеш“; дискутираа за успешните модели на одржливи практики во светската винска индустрија како и локалните добри практики.

Здружението „Балкански вина” се заснова на меморандумот за соработка со кој во 2019 година беше основана Балканската винска мрежа. Таа имаше за цел да помогне во одредување на стратешките правци за идниот одржлив развој на винската индустрија, лозарството и винскиот туризам во целиот регион. Целите на оваа мрежа остануваат во фокус и на новото здружение „Балкански вина”, а за време на симпозиумот им беше доделена благодарница за особен придонес на Фондот Западен Балкан и нивниот извршен директор Ѓерѓ Мура.

Проектот „Поттикнување на диверзификација на извозот на земјоделска храна на Балканот и Источна Европа“ е финансиран од ЕБОР како дел од билатералната поддршка на Република Италија имплементирана преку Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) и Платформата за развој и иновации на претпријатијата од Западен Балкан (ПРИП ЗП) и кофинансиран од ФАО.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:балкански винаФАО
Претходен напис Времето денеска претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со дожд
Следен напис Се работи на производство на сорта пченица со повисоки приноси и поголема содржина на протеини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?