На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА,
КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА.
Ние ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните плаќања за градинарски култури и цвеќе на отворено и во пластеници.
1.4. Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засеани и обрани површини со следниве градинарски култури: домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кел, кромид, лук, рукола, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанак, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици и цвеќе,
-Минимум 0,2 ха засеана површина збирно за сите култури и
-Висината на директните плаќања изнесува 10.000 денари по хектар.
1.5. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир и се корисници на подмерката 1.4 од оваа уредба, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар,
-Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 20.000 денари по хектар и
-Висината на поддршката од алинеја 2 на оваа подмерка е условена со минимални просечни приноси и тоа: 20.000 кг./ха за домат, пиперка 15.000 кг./ха, краставица 30.000 кг./ха, корнишон 30.000 кг/ха, зелка 30.000 кг./ха, грав 1.000 кг./ха и компир 15.000 кг./ха.
1.6. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за производство под контролирани услови на домати, пиперки и краставица
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства производители на домати, пиперки и краставици во затворени простории за производство во контролирани услови и производството да е продадено на домашен пазар или остварен извоз во период од 1 јануари до 15 мај 2023 година и се корисници на подмерката 1.4. од оваа уредба,
-Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 120.000 денари по хектар,
-Висината на поддршката за оранжерии кои се загреваат е условена со минимални просечни приноси: домати 50.000 килограми по хектар, пиперки 30.000 килограми по хектар и краставици 80.000 килограми по хектар и
-Висината на поддршката за пластеници кои се загреваат е условена со минимални просечни приноси: домати 20.000 килограми по хектар, пиперки 15.000 килограми по хектар и краставици 32.000 килограми по хектар.
1.7. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во
преработувачки капацитети
Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерката 1.4. од оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет или за зеленчук директно преку еден
регистриран откупувач во период од 26 декември 2022 година до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува предадените количини во период мај-јуни 20 2023 година и
-Максималните приноси на одделните градинарски култури за реализација на оваа подмерка се дадени во Прилог 4 на оваа уредба.
