Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Врнежите ја наполнија браната Калиманци, хидросистемот „Брегалница“ е во целосна функција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Врнежите ја наполнија браната Калиманци, хидросистемот „Брегалница“ е во целосна функција
АгровестиШумарство и водостопанство

Врнежите ја наполнија браната Калиманци, хидросистемот „Брегалница“ е во целосна функција

Објавено 16/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интензивните врнежи од дожд значително го покачија нивото на вода во реките од хидросистемот „Брегалница“ со што браната Калиманци е пред полнење до максималниот капацитет од 115 милиони кубни метри вода.

Дотокот на вода од реката Брегалница и нејзините притоки изнесува околу 11 метри кубни во секунда и со таква динамика на полнење се очекува наскоро акумулацијата да ја достигне горната кота за прелив. Каналската мрежа од хидросистемот е ставена во целосна функција, а во десниот магистрален канал се пуштаат по шест кубни метри во секунда, како надополнување на проточните води од реките за полнење на оризовите ниви во регионот.

-Во моментот во Калиманци има околу 113 милиони кубни метри вода, односно недостасуваат уште околу педесетина сантиметри до прелавање преку страничниот преграден ѕид. За да се обезбеди прифаќање на новите количини, од пред три недели ја пуштивме водата во главниот канал, а дел се користи и за потребите на хидроелектраната во рамки на браната. Во наредните денови постепено ќе ги зголемуваме количините во десниот магистрален канал, сè до неговиот оптимален капацитет. Поволната хидролошка состојба помогна полнењето на нивите со вода и сеидбата на оризот да тече според планот, а според наши проценки околу 70 отсто од планираните површини се веќе посеани, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“ во Кочани.

Мобилните екипи на водостопанското претпријатие и понатаму се на терен и работат на каналската мрежа за обезбедување вода за полињата во атарите на населените места во општина Чешиново-Облешево, каде сеидбата на оризот вообичаено се реализира во текот на мај. Според годишниот план за наводнување, годинава со ориз се опфатени околу 3.500 хектари.

Од водостопанската подружница „Брегалница“ нагласуваат дека и покрај максималното ниво на акумулирана вода во Калиманци, распределбата ќе се врши крајно економично за да се обезбеди наводнување во текот на летниот период за полињата во кочанскиот, пробиштипскиот и светиниколскиот регион.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:брегалницакалиманцихидросистем
Претходен напис Се чистат каналите на регионалниот пат Берово – Пехчево
Следен напис На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?