Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во април 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0.3 %, а кај аутпутот бележи зголемување од 9.6 %.
Во април 2023 година, во споредба со април 2022 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 99.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 105.6.
Во делот аутпут, во април 2023 година, во споредба со април 2022 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 106.7, а индексот на цените на добиточното производство 119.8.

