Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик за 60.000 евра од ФИТР: Сите услови за аплицирање на едно место
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Јавен повик за 60.000 евра од ФИТР: Сите услови за аплицирање на едно место
Фондови

Јавен повик за 60.000 евра од ФИТР: Сите услови за аплицирање на едно место

Објавено 15/05/2023
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на 10.05.2023 год. објави нов јавен повик „Стартапувај 5“ за поднесување иновативни предлог-проекти за финансирање во максимален износ до 60.000 евра по проект. Крајниот рок за аплицирање е 15.06.2023 год.

Износ на грант

ФИТР обезбедува финансиска поддршка во форма на кофинансиран грант во максимален износ до 60.000 евра.

Со други зборови, најголем дел од буџетот за проектот (до 90%) го финансира ФИТР, а помал дел (10 или 15%) покрива апликантот со сопствени средства.

Вид на апликантГрант од ФИТРДел на апликант
Тим од физички лицадо 40.000 евра
(90%)
4.400 евра
(10%)
Компанија која постои 3 годинидо 40.000 евра
(90%)
4.400 евра
(10%)
Компанија која постои од 3 до 6 годинидо 60.000 евра
(85%)
10.500 евра
(15%)

ПРИМЕР:
Тим од физички лица аплицира со проект во вкупен буџет од 20.000 евра.
ФИТР обезбедува 18.000 евра, односно 90%.
Тимот обезбедува сопствени 2.000 евра, односно 10%.

Кој може да аплицира

На јавниот повик може да аплицираат:

  • новоосновани трговски друштва не постари од 6 годни
  • тим од најмногу 5 физички лица

Тимот од физички лица може да аплицира со предлог проект без обврска во моментот на аплицирање да има основано трговско друштво. Доколку проектниот тим добие кофинансиран грант од ФИТР, најмалку 51% од членовите треба да регистрираат трговско друштво кое ќе го спроведува проектот.

Кога апликантот е трговско друштво, основен услов за аплицирање е да биде регистрирано согласно Законот за трговски друштва и да не е постаро од 6 години во моментот на поднесување на апликацијата. Нема минимален рок во кој трговското друштво треба да биде регистрирано пред да се аплицира.

Може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија чиј просечен број на вработени е помал од 250, а годишните приходи не надминуваат 1 милион евра.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Кога апликантот е трговско друштво треба да ги исполнува следните услови:

  • годишните приходи на апликантот да не надминуваат 1.000.000 (еден милион) евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  • просечниот број на вработени да не надминува 250 вработени;
  • од моментот на регистрирање на трговското друштво до моментот на поднесување на предлог проект во Фондот да не поминале повеќе од 6 (шест) години;
  • трговското друштво да е во сопственост на физичко и/или правно лице (коe не е во државна сопственост),/ здружение или фондација и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%);
  • апликантот или неговите содружници/акционери да не се посредно или непосредно сопственици на над 20% во друго/и трговско/и друштво/а чии поединечни годишни приходи надминуваат 1.000.000 (еден милион) евра во денарска противвредност во претходните две фискални години и чиј просечен поединечен број на вработени не надминува 250 вработени, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа;
  • против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  • согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis) да ги исполнува следните услови:
  • да нема акумулирано повеќе од 200.000 (двеста илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот;
  • да нема аклумулирано повеќе од 100.000 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај;
  • да не е во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието), и
  • да не се занимава со производство на јаглен.

Рок за аплицирање

Крајниот рок за аплицирање на овој јавен повик е 15.06.2023 год. до 14 ч.

Какви проекти се бараат

Целта на јавниот повик е преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој да се обезбеди поддршка за трговски друштва кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга. Ќе бидат поддржани проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.

Подобни активности за финансирање се:

  • Активности за истражување и развој;
  • Развој на пилот линии, производи или услуги;
  • Активности за тестирање и валидација на нови или унапредени производи, услуги, процеси;
  • Активности за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници;
  • Активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост;
  • Дизајн.

Подобни трошоци за финансирање

  • Бруто плати со вклучени додатоци на плата дефинирани согласно Законот за работни односи (работа за празник, работа во недела, работа во смени, ноќна работа и др.) за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот и директно учествуваат во реализација на проектот. Износите на бруто плати за вработените лица ангажирани на проектот треба да соодветствуваaт на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
  • Набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
  • Поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
  • Ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
  • Ангажирање на консултанти за потреби директно поврзани со резултатите на проектот (експертиза за иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг експретиза за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
  • Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн
  • Канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на оперативни трошоци поврзани со реализација на проектот) во максимален износ од 15% од вкупниот буџет на проектот.

Времетраење на проектот

Времетраењето на проектот може да биде до 12 месеци.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“
Таг:грантјавен повикФИТРФонд за иновации и технолошки развој
Претходен напис Здрава почва+зелени бизниси=инвестиции во нашата иднина – Настан во организација на АРНО и Земјоделски институт Скопје
Следен напис УХМР: Најава за нестабилно време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?