Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мерката за авионско засејување на облаците нема да продолжи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мерката за авионско засејување на облаците нема да продолжи
Агровести

Мерката за авионско засејување на облаците нема да продолжи

Објавено 12/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
DCIM100MEDIADJI_0141.JPG
Сподели
Ad imageAd image

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека мерката за авионско засејување на облаците која се спроведуваше од 2020 година, нема да продолжи зашто потребните реагенси се дефицитарни.

Причина за отежнатото снабдување на реагенсите, наведува УХМР, е војната во Украина.

Веднаш штом се стабилизира пазарот со реагенси, УХМР најавува дека ќе распише јавна набавка за активирање на мерката.

-Ги известувам земјоделците и пошироката јавност во Република Северна Македонија дека по три години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи. Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2020 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на една од компонентите која е составен дел на реагенсот, која се користи исто така и во ракетните горива. Поради тоа, ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни, објаснува Управата.

УХМР уредно спровела постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријавил ниту еден економски оператор.

-Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси се стабилизира, повторно ќе распишеме нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, преку нашата веб страница и медиумите, редовно ќе известуваме за временските услови и навреме ќе алармираме за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да преземат мерки за заштита, истакнува УХМР. 

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:авионско засејувањеоблациухмр
Претходен напис Николовски: Подготвени сме за стартот на новиот модел за субвенционирање, како и авансна исплата на субвенциите
Следен напис АХВ: Се повлекува од продажба путер од кикиритки со чоколадo поради небезбедност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?