Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со финансиска поддршка од Европската Унија, МЗШВ денес започна нов IPA проект за реформи во шумарството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со финансиска поддршка од Европската Унија, МЗШВ денес започна нов IPA проект за реформи во шумарството
Агровести

Со финансиска поддршка од Европската Унија, МЗШВ денес започна нов IPA проект за реформи во шумарството

Објавено 10/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа настан со кој официјално беше одбележан почетокот на нов ИПА проект „Поддршка на реформите во шумарството во Република Северна Македонија“

Проектот има временска рамка за имплементација од две години, заклучно со март 2025 година и е со вкупна вредност од 1.260.000 милиони евра. На настанот присуствуваше и шефот на делегацијата на Европската Унија, неговата екселенција амбасадорот Дејвид Гир, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, деканот на Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Кирил Сотировски, претствници на конзорциумот Партицип Картеко кои се имплементатори на проектот, како и директори на институции и претставници на секторот шумарство.

Унапредувањето на шумарството е една од стратешките цели на МЗШВ и токму во таа насока е и почетокот на овој нов ИПА проект, кој ќе овозможи квалитетно реформирање на секторот усогласено со стандардите на ЕУ.

„Проектот претставува континуитет на завршени два помали подготвителни IPA проекти, кои беа основа за почеток на сегашниов трет по ред од областа на шумарсвото. Со првиот се изготвија потребните анализи, со вториот се изготви драфт верзија на новиот Закон за шумите, и се ревидираше постојната Стратегија за одржлив развој на шумарството во државата, а овој трет и најголем IPA проект, треба да даде подршка на конкретните реформи во Шумарството во Република Северна Македонија“ изјави министерот Николовски.

Прокетот ќе се реализира низ четири поткомпоненти кои ќе дефинираат изработка на нацрт верзии на нов Закон за агенција за шумите и нов Закон за државна компанија за шумарство. Ќе се дефинираат и стратешки планови за основање на Агенција за шуми и реструктуирање и трансформација на Јавното претпријатие Национални шуми во државно друштво со ограничена одговорност или АД. Ќе се воспостави нов веб-базиран Интегриран информациски систем за шуми (IFIS), како предуслов за ефикасно управување со шумите и спречување на нелегалната сеча, превенција и справување со шумските пожари, следење на дрвна маса и воведување нови бази на податоци кои се од големо значење за шумарството и ловството. Прокетот вклучува и воведување на мобилна апликација за побрзо идентификување и размена на информации, што значително ќе ја олесни работата на сите вклучени во секторот шумарство.

Ќе се развие и Национална инвентаризација на шуми – на пилот ниво и нови инструменти за планирање како што е План за одржлив развој на шумите. Прокетот предвидува и одржливост на стопанисувањето со шумите проценета и потврдена преку Сертификација на шумите и издаден сертификат за повеќе од 100,000 ha шуми во нашата држава.

Министерот Николовски го искажа своето убедување во успехот на проектот нагласувајќи дека реформите во шумарскиот сектор кои претстојат, ќе го доближат шумарството до ниво кое треба да го има држава која со крупни чекори се движи кон местото кое и припаѓа, а тоа е држава полноправен член на обидинетото европско семејство.

Воедно министерот упати благодарност до Делегацијата на Европската Унија и амбасадорот Гир, за континуираната поддрша со која безрезервно ни помагаат на нашиот пат кон побрза евроинтеграција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:IPA
Претходен напис Николовски: Мерката бизнис план ги поддржува индивидуалните земјоделци, чија основна дејност е земјоделството
Следен напис Променливо облачно со повремени врнежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?