Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бернската конвенција ја објави информацијата за посетата на Охридскиот регион, експертскиот извештај до крајот на годината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бернската конвенција ја објави информацијата за посетата на Охридскиот регион, експертскиот извештај до крајот на годината
АгровестиРурален Развој

Бернската конвенција ја објави информацијата за посетата на Охридскиот регион, експертскиот извештај до крајот на годината

Објавено 09/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегацијата на Бернската конвенција, Рамсарската конвенција и на УНЕСКО што минатата седмица беше во посета на Охридскиот регион го објави извештајот за посетата и за спроведената теренска проценка за состојбата.

Како што се посочува во објавата од Бернската конвенција, во односниот период се спроведени проверки на состојбата на т.н. „Смарагдни“ локалитети на Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“. Посетата на засегнатите области е спроведена во врска со отвореното досие за случај 2017/2, а се однесува на наводните негативни влијанија поради неодржлива инфраструктура и неконтролирана урбанизација.

Според информацијата, тимот на меѓународната мисија во текот на посетата се состанал со различни засегнати страни, вклучително министерка за животна средина и просторно планирање, претставници на властите на национално и општинско ниво (вклучувајќи го градоначалникот на Охрид), на граѓанското општество, на управата на НП „Галичица“, како и со претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Во извештајот за посетата уште се посочува дека се спроведени неколку теренски посети и посети на локацијата, од кои е направен преглед на заштитените подрачја и развојот што може да има негативно влијание врз видовите и живеалиштата присутни таму.

Посетата на Охридскиот регион е реализирана откако претходно во 2021 година при онлајн-мисија фокусирана на отвореното досие за случај 2013/1 за Националниот парк „Маврово“, беа предложени препораки насочени кон општото управување со заштитените подрачја во Северна Македонија, вклучително и мисија за посета на двете засегната локации.

Во објавата за експерската посета уште се појаснува дека независниот експерт сега ќе го елаборира извештајот за мисијата и нацрт-препораките, што ќе бидат доставени на разгледување со цел усвојување на 43-та сесија на Постојаниот комитет што е предвидено да се одржи кон крајот на годинава.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:охридОхридско езеро
Претходен напис Денеска во Виница се одржа информативната кампања за ИПАРД 2 и ИПАРД 3 програмата
Следен напис Во Истанбул ќе се одржи состанок на високо ниво за Договорот за житарки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?