Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светска банка: Земјоделските политики да се насочат кон т.н. зелена транзиција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светска банка: Земјоделските политики да се насочат кон т.н. зелена транзиција
Агровести

Светска банка: Земјоделските политики да се насочат кон т.н. зелена транзиција

Објавено 08/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија е подобра од европскиот просек во однос на намалената употреба на ѓубрива и пестициди, широкопојасната интернет покриеност во руралните средини и емисијата на стакленички гасови, но не и во однос на органското производство, диверзитетот и заштитените подрачја, покажува најновиот извештајот на Светска банка за макдонското земјоделство.

Извештајот „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“ што беше презентиран денеска, укажува и дека фармерите во земјава имаат ограничени претприемачки способности и технички познавања, а ограничени се и финансиски, што ја лимитира нивната ликвидност за инвестиции и раст. 

Светска банка препорачува Северна Македонија да ги усогласи политиките за развој на земјоделскиот сектор за да се приближи кон целите на Европскиот зелен договор, да ја синхронизира државната поддршка со европското аки (acquis), да ги отстрани бариерите и да креира услови за развој на органско земјоделство, како и на органските фармери да им овозможи подобар пристап до пазарот.  

Неопходно е, како што беше речено на презентацијата, и да се поддржи усвојувањето на паметните практики од страна на агробизнисите и фармерите за да се овозможи континуиран пристап до ЕУ пазарите и европските фондови, но и за да се зголеми отпорноста на земјоделскиот сектор, посебно кон климатските промени.

Во однос на квалитетот на ѓубривата и начинот како тие и пестицидите се користат, Светска банка констатира дека земјоделците не се потпираат многу на експертски информации, како и дека е слаб административниот капацитет за следење, анализа и давање совети.

-Напредокот во органското земјоделство е бавен, има ограничена поврзаност меѓу производителите и обработувачите, а и пристапот до пазарите не е многу лесен. Кај употребата на ѓубрива видлив е падот, односно намаленото користење кое е недалеку од целта за 2030 година, додека кај пестицидите има нејасностии околу недостапноста на податоците, но се чини дека земјата и по овој параметар е подобра од просекот на ЕУ. Сепак, само пет до 10 отсто од земјоделците ја документираат употребата на ѓубрива, а повеќето користат ѓубрива без анализа на почвата. Во однос на примената на пестицидите, потребен е подобар советодавен и построг инспекциски систем, рече Деметрис Псалтопулос, виш експерт за земјоделска политика во Светска банка.

Според Силвиа Маури, виш специјалист за земјоделство при секторот за земјоделство и храна на Светска банка, Северна Македонија треба да воспостави транзиција кон зазеленување.

-Земјата ова мора да продолжи да го прави за да биде поконкурентна. Тоа во агросекторот ќе овозможи одржлив и инклузивен развој. Пренамената на јавната поддршка е клучна за да се овозможи земјоделски раст, а во однос на структурната трансфорамација, многу е важно да се инвестира во средства. Земјата треба да го развива земјоделско-прехранбениот сектор со фокус на економијата и создавање нови работни места. Неопходен е фокус и на јавните институции, истакна Маури.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој имаше воведно обраќање на настанот, рече дека ваквите извештаи ги одразуваат амбициите на Северна Македонија за зелен раст, потребите за структурни реформи, мерките за заштита од влијанието на климатските промени, усогласувањето на стандардите за безбедност на храна со европските стандарди, контролираната употреба на пестициди и ѓубрива, како и можностите за дигитална трансформација.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зелена транзицијаЗемјоделски политикисветска банка
Претходен напис Се намалуваат цените на горивата
Следен напис Државен тракторски натпревар за средношколци во Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?