Во организација на Националниот парк Шар Планина и планинарскиот клуб Тетово вчера се спроведе акција за собирање расфрлен отпад во потегот од село Бозовце до Гајрина. Од националниот парк информираат дека и денеска продолжуваат ваквите активности, на патот Тетово-Попова Шапка.

-Масовноста ни покажа како Шар Планина се сака со дела. Продолжуваме со акцијата за собирање на сметот по патот од Попова Шапка кон Тетово утре. Дополнителен пар раце и добра желба се секогаш добредојдени, се гледаме во 9:30 на паркингот кај жичарата во Тетово, соопштија од НП Шар Планина,

Собирањето на отпадот го организираат вработените на јавната установа Национален парк Шар Планина, а најавено е учество на вработените на ЕЛЕМ ТУРС, студенти од Универзитетот во Тетово , волонтери и поддршка од ЈКП Тетово.



