Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Болеста жолта ‘рѓа се шири на нивите со пченица во Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Болеста жолта ‘рѓа се шири на нивите со пченица во Србија
АгровестиРастително производство

Болеста жолта ‘рѓа се шири на нивите со пченица во Србија

Објавено 04/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пченицата на полињата во Србија е зафатена од ретката болест жолта ‘рѓа, која се „шири како шумски пожар“ со веќе видливи оштетувања, изјави за Beta експертот за пченица Мирослав Малешевиќ.

Малешевиќ вели дека оваа болест која ја уништува лисната маса – ретко се појавува во Србија и дека е карактеристична за медитеранските земји. Се развива во услови на нагли пролетни температурни флуктуации, придружени со дожд и снег.

„Жолтата рѓа се шири со неверојатна брзина, како пожар и за два-три дена може да го нападне посевот на целата нива. Последен пат во Србија се појави во 2014 година, кога направи значителна штета“, вели Малешевиќ.

Фото/springer.com

Тој додава дека ниту еден вид пченица во Србија, ниту во Европа, не е отпорен на оваа болест. Посебно е опасно за пченицата која не е добро прихранета или не е декларирана, туку нивите се посеани со непроверени семиња. Вели дека може да се процени колкава ќе биде штетата, но дека уште „не е сè загубено“ доколку пченицата веднаш се третира со заштитни средства. Иако нивната ефикасност не е иста, постојат препарати со висок степен на сузбивање на болеста.

Претседателот на Независното здружение на земјоделци во Србија, Јовица Јакшиќ изјави дека жолтата ‘рѓа се шири „со неверојатна брзина“ и дека пченицата денес изгледа добро, а веќе следниот ден пожолтува.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:жолта рѓа
Претходен напис Приведени лица од Арачиново и Брест поради нелегална сеча на огревно дрво
Следен напис Нови 9 милиони евра за инвестиции во преработувачката индустрија од ИПАРД 2 програмата – Јавниот повик ќе биде објавен во јуни годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?