Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со помош на ЕУ до побезбеден авантуристички туризам во Охридскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со помош на ЕУ до побезбеден авантуристички туризам во Охридскиот регион
АгровестиРурален Развој

Со помош на ЕУ до побезбеден авантуристички туризам во Охридскиот регион

Објавено 03/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Истражувањето на природата е суштински дел од човековата природа. Се чини дека пандемијата na Ковид-19 само го засили таквиот порив, сè повеќе луѓе одат на планинарење или практикуваат планински велосипедизам. Но, истражувањето на природата го покренува и прашањето на безбедноста – особено кога станува збор за адреналинските спортови. Европската унија помага во создавањето безбедни услови за зголемениот број посетители на Охридскиот регион кои се занимаваат со авантуристички туризам. Меѓу кои, од витално значење е да се има обучен спасувачки персонал.

Во написот што го објави Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија се посочува дека во 2017 година, во рамките на проектот за прекугранична соработка со Албанија, ЕУ ја финансираше изградбата на новата зграда на Центарот за обука на Црвениот крст во Охрид.

Целта беше да се обезбедат соодветни услови за обука на млади од средината кои сакаат да се занимаваат со благородната спасувачка професија. И на тој начин да придонесеме прекуграничниот регион на Охридското Езеро да стане безбедна дестинација за авантуристички туристи.

Изградбата беше завршена две години подоцна, вклучувајќи и набавка на опрема за брз одговор во секоја ситуација. Курсот за обука досега го завршија 92 лица – од нив 52 сега се сертифицирани спасувачи на планина и 40 спасувачи на вода. Спасувачите со најдобри перформанси беа дополнително обучени да станат инструктори. Како резултат на тоа, центарот сега е целосно функционален – за спасувачки служби во планина (од Охрид) и во вода (од Поградец, Албанија).

Според Антонио Додевски, раководител на Планинската спасувачка служба, спасувачите спасиле повеќе од 40 животи во реализирани над сто спасувачки операции.

Би ја издвоил евакуацијата на повреден параглајдерист од стрмна карпеста падина на планината Галичица. Откако му беше укажана прва помош – запирање на обемно крварење и имобилизација, спасувачката екипа изврши сложена процедура за евакуација и транспорт до медицинскиот центар. Оваа операција заврши успешно благодарение на подготвеноста и ефективноста на спасувачите и современата опрема набавена во рамки на проектите за прекугранична соработка финансирани од ЕУ, вели Додевски.

За да се обезбеди безбедност на туристите деноноќно, воспоставена е нова СОС линија. Организирани се и разни настани и работилници за да се промовира центарот и да се привлечат повеќе млади луѓе во меѓународно сертифицираната програма за обука.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:авантуристички туризамохрид
Претходен напис Пестициди во храната: Што покажа анализата на 12 прехранбени производи?
Следен напис Николовски: И оваа година обезбедуваме здрава ужинка за секое дете
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?