Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прелева браната Глажња, вода ќе имаат и кумановци и земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Прелева браната Глажња, вода ќе имаат и кумановци и земјоделците
Шумарство и водостопанство

Прелева браната Глажња, вода ќе имаат и кумановци и земјоделците

Објавено 25/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Браната Глажња прелева, кумановци ќе немаат проблем со водоснабдување, соопштија денеска надлежните водостопанство „Кумановско липковско поле“. Врнежите, топењето на снегот ја наполнија браната. Надлежните од претпријатието велат дека успешно ја завршиле претходната сезона.

-Навремено ја стопиравме водата и сите канали низ кои истекува. Целосно е исполнета 25 милиони кубни метри, ќе има доволно и за пиење и за наводнување, изјави Оливер Илиевски од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“.

Во претходниот месец имаше доволно врнежи од дожд и топење на снежната покривка што придонесе за ваков капацитет на браната.

-Сакам да истакнам дека нашите вработени, целиот тим на „Кумановско-липковско поле“ се погрижија навремено да ја затворат за да се акумулира водата. До 31 успеваме и бај-пасот го пуштивме за ЈП „Водовод“ им заштедивме и трошоци за електрична енергија, кажа Илиевски. Оливер Илиевски

И земјоделците можат да бидат спокојни вода за наводнување ќе има целиот период. Од 14 април годинава, пуштен е системот за наводнување.

-Инвестициите во инфраструктура се прават преку инвестиционата програма на Влада преку Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Имаме проекти и за браната Глажња, за браната Липково која е подолу и за реконструкција на четвртата гранка на хидросистемот, доставен е до МЗШВ. Се надеваме дека годинава ќе почне реализацијата, изјави Илиевски.

Во Липково, помалата брана изградена за стабилизација на водата има 1, 5 милиони кубни метри вода. Ваков прелив имаше во 2018 година.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:бранаглежња
Претходен напис Министерството за економија објави Јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за домаќинства
Следен напис Времето денеска облачно со врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?