Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наставникот Бојан од Чашка, сопственик на расадник за цвеќиња, советува на што треба да се обрне внимание при купување цвеќе
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наставникот Бојан од Чашка, сопственик на расадник за цвеќиња, советува на што треба да се обрне внимание при купување цвеќе
АгровестиСовети

Наставникот Бојан од Чашка, сопственик на расадник за цвеќиња, советува на што треба да се обрне внимание при купување цвеќе

Објавено 13/06/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бојан Ѓорѓиов од Чашка е дипломиран одделенски наставник, магистер по Менаџмент во образование, работи како наставник, а земјоделството како гранка го научил и простудирал од неговите родители.

„Произведуваме расад пипер и домати веќе 30 години, па така како мал покрај нив се што сум гледал сум го запамтил, работиме исклучиво со проверени хибридни семиња. Со цвеќе ова ни е 4 година како произведуваме и тоа пролетно саксиско цвеќе. Семиња набавуваме исклучиво по нарачка.“, вели Бојан, кој ни откри за кое цвеќе има најголем интерес.

„Од цвеќето особен интерес има за сурфинијата која е од групата на петунии лазачки кои достигнуваат должина од 2 метри, исклучително богата и раскошна која е украс за сите тераси и дворови. Исто така имаме сардели лазачки со дупли цвет, зонална – старска и калиопа црвена полулазачка. Далијата или позната помеѓу луѓето како ѓурчин мини е исто така доста барана бидејќи има компир кој може да се зачува преку зима за наредна година, Фуксијата или обетка ја имаме во две бои бела и црвена дупли цвет во форма на балерина – повеќегодишно растение. Џунџуле мини со крупен цвет, петунија тритунија ниска шарена и еднобојна со крупен цвет и вербената лазачка и полулазачка се оние кои се движат со стандардна цена и доста барани и се трошат или што би рекол јас или купувачите 3 за 100 денари.


Калибрахоата или позната како 1001 цвет исто така од групата на петунии се троши прилично и е убава за сечиј двор.“

Продажбата на расад пипер на Бојан и неговото семејство им го олеснува пласманот на цвеќињата.

„Околу пласманот на самото цвеќе олеснителна работа ни е тоа што си имаме постојани муштерии за расад пипер па покрај пиперот си купуваат и по некоја саксија цвеќе, другото го продаваме по пазари и слично, тешко е, меѓутоа едноставно веќе кога си се нашол тука и си се нафатил, мора да дадеш се од себе“, вели Бојан.

Го прашавме Бојан дали одгледувањето цвеќиња е исплатливо како бизнис.

„Дали е исплатливо како бизнис, би рекол не премногу, затоа што и пред 5 и пред 10 години истите цени се на цвеќињата кои ги набројав 3 за 100, а лани и оваа година семињата се покачени за 100%, саксиите оваа година достигнаа дупла цена од ланската, а цената на цвеќето остана иста, така што некако се вртиме во круг, но би ја потврдил онаа старата изрека ,,Џабе работи ама џабе не седи. Од програмите и мерките кои ги нуди нашата држава за модернизација и проширување досега не сме искористиле, но секако тоа е тема за размислување за иднина.“, искрен е Бојан.

Го замоливме Бојан да сподели неколку совети околу одгледувањето цвеќиња и да ни открие кои цвеќиња сакаат повеќе сонце, а кои можат да напредуваат и под сенка.

„Сурфинијата и калибрахоата – 1001 цвет како цвеќиња се најиздржливи на сонце, но исто толку бараат и нега за да бидат убави. Може да успева и ако половина ден е директно на сонце, а половина ден под сенка. coin.market Сурфиниите треба да се третираат со препарати за заштита преку лист, како и преку корен. После ѓубривата по седум дена се додава и железо.

Сарделите сите 3 вида: лазечка, калиопа и зонална не бараат голема нега и заштита, а успеваат и на сонце и под сенка
Она на што купувачите треба да обрнат внимание е растението што го купуваат да има убав коренов систем и богата лисна маса за да може да опстане цело лето. Важен е добар и здрав корен, добра лисна маса, добро стебло, цвеќето ќе издржи цело лето и ќе биде полно со цвет. Имаме климатски изменето време. Без заштита, без препарати, не опстануваат. Таква е климата, времето се измени, мора да има заштита, за да бидеме задоволни и од цвеќето и од зеленчукот. И за сите цвеќиња важи истото, колку повеќе ставате прихрана, толку цвеќињата ќе бидат поубави.“, објасни Бојан.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бојансурфинијачашка
Претходен напис Кутиров ќе гради кариера на меѓународен план – ексдиректорката на Царина ја образложи оставката
Следен напис Времето денеска облачно, попладне со повремен пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?