Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Индивидуалните земјоделци формираа Национална земјоделска мрежа, претставена пред оризопроизводителите од Кочанско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Индивидуалните земјоделци формираа Национална земјоделска мрежа, претставена пред оризопроизводителите од Кочанско
Агровести

Индивидуалните земјоделци формираа Национална земјоделска мрежа, претставена пред оризопроизводителите од Кочанско

Објавено 19/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новоформираната Национална земјоделска мрежа, како организација на индивидуалните земјоделци од целата држава, вчера беше промовирана пред оризопроизводителите во општина Чешиново-Облешево.

На промоцијата беше нагласено дека се работи за здружување на земјоделците врз невладина и непартиска основа, во кое нема да членуваат правни лица, асоцијации, федерации или здруженија, туку индивидуални земјоделски производители. Главни цели во дејствувањето ќе бидат претставување и едукација на земјоделците, како и нивно вклучување во процесот на одлучување и донесување на развојни стратегии за поддршка од страна на државните органи.

– Се работи за организација што е формирана исклучиво од земјоделци, ќе дејствува на национален план и е организирана на секторско ниво, односно секој земјоделски сектор ќе има свој избран претставник. Целта ни е да бидеме препознаени како социоекономски партнер во Министерството за земјоделство и активно да бидеме вклучени во креирањето на политиките во земјоделството. Не сакаме да бидеме само корисници на некои мерки што ги креираат други центри, а што не се соодветни на реалната состојба на терен. Свесни сме дека станавме маргинализирана група во општеството, особено со проблемите со високите производни трошоци, поради што ќе се вклучиме во определувањето на заштитни, економски цени за нашите производи. Сметаме дека имаме многу простор за работа и очекуваме соработка со државните инстуции, истакна Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

При промовирањето на Националата земјоделска мрежа во Облешево беше истакнато дека ниту една земјоделска гранка во државата не е во добра состојба, поради што се јавува недостаток на храна, а цените на земјоделските производи се исклучително високи за стандардот на граѓаните. Во државата има доволно капацитети и можности за производство на храна, но неопходно е заеднички да се креираат соодветни развојни стратегии.

На работната средба, оризопроизводителите истакнаа дека со помош од Националната земјоделска мрежа ќе се залагаат пред почетокот на сеидбата за секоја земјоделска култура да се определи производна цена. Таа треба да биде економски оправдана и да им обезбедува услови за реализација на производството и егзистенција на нивните семејства.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:национална земјоделска мреѝа
Претходен напис Во Штип ќе се одржи Mеѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АНП 2023)
Следен напис Зеленчук кој полека ја освојува Европа – Што е бими?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?