Во Варшава се одржува меѓународниот саем World food Poland 2023, на кој ќе бидат претставени и македонски вина и земјоделски производи.
„Винската приказна и промоцијата на нашето убаво македонско вино ја продолжуваме со презентација на меѓународниот саем World food Poland 2023, кој се одржува во Варшава.
Со десетина македонски винарии и преработувачки компании во наредните три дена на овој саем ќе ги презентираме убавото македонско вино и земјоделски производи. Саемите се одлична можност за меѓународно промовирање на нашите домашни производи и можност повеќе за отворање на нови пазари за пласман на нашето убаво вино и земјоделски производи.’, рече министерот Љупчо Николовски.

