Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна полнењето со вода и сеидбата на оризовите ниви во Кочанско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна полнењето со вода и сеидбата на оризовите ниви во Кочанско
Агровести

Почна полнењето со вода и сеидбата на оризовите ниви во Кочанско

Објавено 14/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани ја пуштија водата од каналската мрежа и го почнаа полнењето на земјоделските површини, со што на земјоделците им овозможуваат навреме да ја почнат сеидбата на оризот.

За почеток се прават времени прегради на Зрновка, Кочанска и Оризарска Река и се зафаќаат проточните води, со што се заштедуваат резервите со кои располага хидросистемот „Брегалница“. Неповолните временски услови и слабите врнежи од дожд и снег пред почетокот на сезоната, сериозно ќе влијаат врз реализацијата на планот за наводнување, но нема промени на површините на кои ќе сее ориз.

-На самиот старт на сезоната за наводнување во акумулацијата Калиманци има околу 95 милиони кубни метри вода, што е за околу 20 отсто помалку од максималниот капацитет. Со добра организација од наша страна и домаќинско однесување на водокорисниците, сметаме дека ќе успееме сезоната наводнување да ја реализираме според планот. Иако поради неповолната хидролошка состојба очекувавме дека оваа сезона ќе има за една третина помалку површини што ќе се засеат со ориз, сепак ќе нема промени во споредба со лани. Тоа значи дека и годинава со доминантната земјоделска култура во кочанскиот и соседните региони ќе бидат опфатени околу 3.500 хектари, истакнаа од водостопанската подружница „Брегалница“.

Дел од површините во атарот на општина Зрновци се веќе посеани, а веднаш по велигденското празнување ќе почне сеидбата на оризот и во катастаррските општини Оризари и Кочани.

Пред почетокот на наводнителната сезона вработените во кочанската водостопанска подружница го завршиле чистењето на над 90 отсто од каналската мрежа, а во наредните две недели ќе се прочистат и помалите канали во атарите каде што сеидбата на оризот ќе се реализира во текот на мај.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кочанскоориз
Претходен напис Македонско јагнешко на бугарските трпези за Велигден
Следен напис Во фармите во Брегалничкиот регион може да се чуваат свињи, но под одредени критериуми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?