Шумското стопанската единица Средна Обозна со која стопанисува подружницата Голак од Делчево, во атарот на село Нов Истевник, во заедничка акција со вработените од Прокредит Банка и вработените од подружницата Голак засадија 6500 садници од црн бор на 2,5 ха опожарена површина.

Садницете се донација од општествено одговорната фирма Прокредит Банка, до која Јавното претпријатие упатува голема благодарност за овој убав гест. Голема благодарност и до ЕВН Македонија и Гранична полиција за обезбедениот превоз на сите што учествуваа во акцијата.






