Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Програмата за капитални субвенции за плански региони на седница на Влада
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Програмата за капитални субвенции за плански региони на седница на Влада
Рурален Развој

Програмата за капитални субвенции за плански региони на седница на Влада

Објавено 04/02/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Предлог – програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2020 година и Предлог – програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, ќе бидат дел од повеќето точки на дневниот ред на денешната шеста редовна седница на Владата.

На седницата, Владата ќе биде запознаена со информацијата за отпочнување со реализација на проектот „Изградба на канализациски систем за фекална отпадна вода во село Банско, Општина Струмица“ и со информацијата за отпочнување со реализација на проектот: Доградба на фекален канализациски систем за Ново Село, Општина Ново Село.

-Министерството за надворешни работи на оваа седница ќе го стави на утврдување текстот на Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во борбата против криминалот, и ќе го презентира Извештајот за завршени преговори за склучување, Спогодба за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, информираат од владината прес-служба.

На денешната седница, додаваат, министрите во Владата ќе се запознаат со програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија и ќе се разгледа и информацијата за реализација на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година, што ќе ја презентира министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:Предлог -програма за рурален развој на седница на ВладаПрограма за капитани субвенции за развој на планинските региони
Претходен напис Денес сончево со температури и до 20 степени, од утре дожд и снег
Следен напис Меѓународениот саем „Пчеларство 2020“ во Бугарија започнува на 6 февруари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?