Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК ја одби иницијативата со која се бараше за 80% да се намали употребата на синтетички пестициди во Европската Унија до 2030
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > ЕК ја одби иницијативата со која се бараше за 80% да се намали употребата на синтетички пестициди во Европската Унија до 2030
Агровест

ЕК ја одби иницијативата со која се бараше за 80% да се намали употребата на синтетички пестициди во Европската Унија до 2030

Објавено 10/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија го даде конечниот одговор за европската граѓанска иницијатива „Да ги спасиме пчелите и земјоделците“ потпишана од 1,1 милион граѓани. Тие ја отфрлија иницијативата со која се бараше намалување од 80 отсто на употребата на синтетички пестициди во ЕУ до 2030 година, а потоа целосна забрана до 2035 година.

Навеле дека половина од земјоделското земјиште во ЕУ веќе е изложено на ризик од дефицит на опрашување, а секој трет вид опрашувач е во опаѓање.

Комисијата ја препозна важноста на иницијативата, но остана верна на своите планови. Тие наведуваат дека презеле чекори за решавање на прашањето поврзано со предложената реформа на регулативата за одржлива употреба на пестициди. Целта е да се намалат за 50 проценти до 2030 година. Тие сметаат дека овој начин е најсоодветна и најбалансирана опција за заштита на животната средина и здравјето на луѓето и избегнување на сериозни последици по достапноста на храната, наведувајќи ги економските трошоци за земјоделците и потрошувачите.

За застапниците, иницијативата сè уште не е завршена и ќе продолжи да ги повикува Европскиот парламент и земјите членки.

„Има се повеќе научни докази за лошата состојба на биолошката разновидност и опасностите од пестицидите по нашето здравје. Не можеме да имаме производство на храна без биодиверзитет“, рече Мартин Дермин од мрежата за акција за пестициди, PAN Europe.

Комитетот за земјоделство на Европскиот парламент AGRI, ќе гласа за контроверзниот план на извршната власт за намалување на употребата на пестициди за 50 отсто во јули, додека комисијата за животна средина ENVI ќе гласа во септември.

Европскиот парламент ќе мора да преговара со министрите на ЕУ27 за да се склучи конечен компромисен договор. Министрите беа обвинети за застој откако побараа дополнителна проценка на влијанието. Се очекува дискусијата за овој проблем да се помести за 2024 година, што значи дека договорот нема да биде склучен пред крајот на мандатот на овој состав на Комисијата во октомври 2024 година. Тоа е временската рамка поддржана од нацрт-приоритетите на белгиското претседателство со Советот на ЕУ за првата половина на 2024 година, што сугерира дека земјата се подготвува за расправа за време на своето претседавање.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:пестициди
Претходен напис Шукова: МЖСПП ќе ја поддржи иницијативата за прогласување на гео-парк во Демир Капија
Следен напис Исплатени се 94,2 милиони денари кон 1.510 јаболкопроизводители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?