Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО: Цените на храната во март на најниско ниво за година и пол
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО: Цените на храната во март на најниско ниво за година и пол
Агровести

ФАО: Цените на храната во март на најниско ниво за година и пол

Објавено 07/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светските цени на храната се намалија во март на најниско ниво за една и пол година, објави денеска агенцијата на ОН, ФАО. Индексот на цените на кошничката основни прехранбени производи падна во март за 2,8 поени во однос на ревидираната вредност за февруари, на просечни 126,9 поени, што е најниска вредност од јули 2021 година.

Падот на индексот ја одразува изобилната понуда, пригушената побарувачка за увоз и продолжувањето на договорот што овозможува извоз на жито преку Црното Море, објаснува ФАО.

Цените на житарките паднаа за 5,6 отсто во споредба со февруари, објави агенцијата на ОН, издвојувајќи го падот на цените на пченицата за 7,1 отсто. Се намали и цената на пченката, за 4,6 отсто, поради прогнозите за рекордна жетва во Бразил. Цените на оризот паднаа за 3,2 отсто, што ФАО го припишува на претстојната жетва кај клучните извозници, вклучувајќи ги Индија, Виетнам и Тајланд.

Растителните масла поевтинија за 3,0 отсто во однос на февруари, а во однос на ланскиот март цените им се за 47,7 отсто пониски.

„Иако цените на светско ниво паднаа, тие сè уште се многу високи и продолжуваат да растат на домашните пазари, што претставува дополнителни предизвици за безбедно снабдување со храна“, предупреди главниот економист на ФАО, Максимо Тореро во соопштение.

„Ова е особено точно за земјите во развој кои се нето увозници на храна, а ситуацијата се влошува со поевтинувањето на нивните валути во однос на американскиот долар или еврото и зголемениот должнички товар“, додаде Тореро.

Цените на млекото и млечните производи во март се повисоки за 0,8 отсто отколку во февруари. Цената на шеќерот, од друга страна, порасна за 1,5 отсто, што значи дека тие цени го достигнаа највисокото ниво од октомври 2016 година, поттикнати од загриженоста поради намаленото производство во Индија, Тајланд и Кина.

Месото, исто така, поскапе за 0,8 отсто, како одраз на повисоките домашни цени на говедското месо во САД поради очекуваната послаба понуда и повисоките цени на свинското месо во Европа пред празниците.

Во посебен извештај за понудата и побарувачката на пазарите за жито, ФАО малку ја зголеми проценката за светското производство на пченица во 2023 година на 786 милиони тони, што би било за 1,3 отсто помалку од минатата година, но сепак блиску до рекордно ниво. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:фаохранацени
Претходен напис Кои крави се рекордерки во производство на млеко?
Следен напис Примерок на балкански рис повторно „фатен“ од камерите на Националниот парк „Галичица“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?