Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пуштена во употреба најголемата соларна централа во Србија со моќност од 9,9 мегавати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пуштена во употреба најголемата соларна централа во Србија со моќност од 9,9 мегавати
Магазин

Пуштена во употреба најголемата соларна централа во Србија со моќност од 9,9 мегавати

Објавено 07/04/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најголемата соларна централа во Србија, со моќност од 9,9 мегавати, која годишно ќе произведува 15.000 мегават-часови електрична енергија, што е доволно за околу 2.100 домаќинства, денеска беше пуштена во употреба.

Електраната „ДеЛсол“ изградена од компанијата „Мт-Комекс“ се наоѓа во општина Лапово и се простира на 12,5 хектари, а за нејзината изградба се користени бифацијални соларни панели кои имаат можност да произведуваат електрична енергија од двете страни на панелот, поради што произведува поголема количина на електрична енергија, соопшти Министерството за рударство и енергетика на Србија.

Министерката Дубравка Ѓедовиќ на отворањето на соларната централа рече дека таа е пример како користењето на сончевата енергија истовремено може да ја подобри безбедноста во снабдувањето со електрична енергија и да ја заштити животната средина.

Таа нагласи дека задача на државата е да создаде услови за изградба на нови електрани со обновливи извори на енергија, а во исто време да обезбеди енергетскиот систем да ги снабдува граѓаните и стопанството.

Ѓедовиќ најави дека измените на Законот за користење на обновливи извори на енергија, кога ќе бидат усвоени во парламентот, ќе овозможат спроведување на аукции за пазарни премии за производителите на енергија од обновливи извори, пренесува Бета.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:соларна електрана
Претходен напис Во Делчево одржана едукативна работилница за органско пчеларство
Следен напис Италија назначува специјален комесар за кризата предизвикана од сушата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?