Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Месец март просечен кон потопол и повлажен во споредба со многугодишните просечни вредности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Месец март просечен кон потопол и повлажен во споредба со многугодишните просечни вредности
Агропрогноза

Месец март просечен кон потопол и повлажен во споредба со многугодишните просечни вредности

Објавено 05/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Месец март 2023 година, се карактеризира како просечен кон потопол и кон многу влажен локално, во споредба со многугодишните просечни вредности, покажаа мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државата.

– Средномесечната температура се движеше од 3,5 степени целзиусови во Маврово до 10,5 во Гевгелија. Споредено со просечните мартовски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), овогодишната беше 0,8 степени целзиусови над просечната на ниво на држава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Средната максимална температура варирала од 8,6 степени целзиусови во Маврово до 16,6 во Гевгелија.

Највисоката максимална температура била измерена на 25 март во Гевгелија и изнесувала 25,4 степени целзиусови.

Според мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици, средната минимална температура варирала од -0,9 степени целзиусови во Берово до 5,8 во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот била измерена во Берово, на 13 март и изнесувала -7,2 степени целзиусови.

– Во месец март, месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 27 милиметри во Крива Паланка до 109 милиметри во Маврово. Врнежите беа од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од 28 милиметри беше регистрирано во Охрид на 28 во месецот. На Попова Шапка на 4 март беше измерена највисока снежна покривка од 22 сантиметри, известуваат од УХМР.

Споредено со мартовската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 5 милиметри над просечната на ниво на држава.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:март
Претходен напис Мартин Стојменов, млад земјоделец, сточар, добитник на повеќе грантови со кои си го модернизира и олеснува своето производство
Следен напис Почина професорот Мишо Христовски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?