Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прилепскиот Тутунски комбинат одбележува 150 години постоење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прилепскиот Тутунски комбинат одбележува 150 години постоење
Агровести

Прилепскиот Тутунски комбинат одбележува 150 години постоење

Објавено 04/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во прилепскиот тутунски комбинат освен што се одбележува 4 април – Денот на тутунските работници, Комбинатот одбележува и значаен јубилеј – 150 години постоење.

Комбинатот е најстара активна македонска компанија и една од најстарите на Балканот. Формиран е 1873 година со изградбата на првиот магацин за тутун од Отоманската управа на Монополот. Оттогаш до денес, доживеал големи промени, подеми и падови, но успеал да ги помине сите премрежија и да опстои со својата дејност.

До 1955 година примарна дејност била откупот и обработката на висококвалитетен ориенталски тутун, од типовите „прилеп“ и продажба а познати светски компании. Потоа, Комбинатот навлегува во бизнисот на производство на цигари. Во 2014 година прилепскиот тутунски комбинат склучи договор за стратегиско партнерство со „Филип Морис“ и е формирана заедничка компанија „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“.

По две децении, како еден од најголемите загубари, прилепскиот Тутунски комбинат првпат покажа позитивни резултати во 2019 година. Со над два милиона евра, Комбинатот ја заврши и ланската, 2022 година.

Во овој период се забрзани подготовките за новата производствена година и склучувањето договори со кооперантите за новата реколта тутун. Тутунопроизводителите продолжуваат со садењето на оваа култура, најзастапена во Прилепско – пелагонискиот регион и очекуваат исплатливоста да остане за да опстане и производството.

Во прилепскиот тутунски комбинат пригодно се одбележува 4 април – Денот на тутунските работници, а Комбинатот годинава одбележува и значаен јубилеј – 150 години постоење.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:прилептутунски комбинат
Претходен напис 4 април – Ден на тутунските работници
Следен напис Европската Унија доделува награди за органско производство во седум категории
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?