Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски: До завршување на законскиот рок остануваат уште 7 отсто тутун за откуп, секој килограм произведен тутун ќе биде откупен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димковски: До завршување на законскиот рок остануваат уште 7 отсто тутун за откуп, секој килограм произведен тутун ќе биде откупен
Агровести

Димковски: До завршување на законскиот рок остануваат уште 7 отсто тутун за откуп, секој килограм произведен тутун ќе биде откупен

Објавено 03/02/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секој килограм произведен тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупен, порача на денешната прес-конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Досега 93,4 отсто од произведениот тутун е откупен, а до крај на месецот, додека е и законскиот рок остануваат уште околу 7 отсто тутун за откуп, којшто во целост ќе биде откупен. Државниот инспекторат за земјоделство има засилени контроли на терен, и доколку се утврдат неправилности при откупот, ќе следат казни за тутунските компании, за да нема застој во откупот на тутунот.

„Тутунарите нема да бидат оставени на цедило. Ги повикувам тутунопроизводителите да не потпаѓаат под манипулации, затоа што откупот законски трае до 29-ти феврурари, и до тогаш се ќе биде откупено. Просечната откупна цена во моментов е 220,8 денари за килограм што е највисока просечна откупна цена досега. Лани беше 214,2 денари за килограм, а во 2017-та просечната откупна цена беше 217, 5  за килограм. Во 2015-та година просечната откупна цена беше 184 денари за килограм, а во 2016-та, 196,8 денари. Ако се вратиме во 2014-та просечната откупна цена била 117,2, што е најниска просечна откупна цена од 2006 наваму“, изјави министерот Димковски.

При тоа, Димковски посочи дека од 2017-та година, во овие три реколти дури над 30 отсто од тутунот е проценет на прва класа.

За споредба, во однос на проценката на тутунот, во 2015-та само 12 отсто од тутунот бил проценет како прва класа, а во 2016-та година, само 16 отсто.

Вредноста на откупениот тутун во моментов е над 5,4 милијарди денари, што е двојно повеќе од 2014-та, кога вкупната вредност на откупениот тутун била само 2,9 милијарди денари. Сите овие податоци се доволен доказ за домаќинското и одговорно работење на министерството, во овие две и пол години, тутунопроизводителите знаат кој вистински се грижи за оваа стратешка гранка, потенцираше министерот Димковски на денешната прес-конференција.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:мзшвМинистерот Трајан ДимковскиСекој килограм тутун ќе биде откупен
Претходен напис АХВ:Во земјава нема небезбеден мед увезен од Кина, се продава и се увезува само квалитетен и безбеден мед
Следен напис (ВИДЕО) РСЕ: Брегзитот и берачите на јагоди од Бугарија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?