Тракторот Reversible 7286 со едно тркало и „гасеници“ е уникатен и необичен дизајн, опишува Agrarheute. Идејата на Винсент Певион засега останува во доменот на виртуелното. Овој француски инженер, кој потекнува од земјоделско семејство, се фокусира на развивање на практичен механички дизајн.
Пред неколку години, тој бил вклучен во развојот на кипер направен од особено еластичен челик за реномиран француски производител. Ова дело беше наградено со сребрен медал на SIMA Innovation Awards.
Сега, во неговата дизајнерска канцеларија во Аарматан во Манингем, Северна Франција, тој создал дизајн на две варијанти на шасија во еден трактор.
„Мојата страст за создавање, измислување и цртање ме инспирираше да работам на развој на нов тип на концепт за земјоделски трактор во последните неколку години“, вели Певион. Тој истакнува дека неговата идеја била да создаде трактор со две шасии кој ќе се карактеризира со максимална влечна сила и добро управување.
Идејата е тракторот да има тркало на предниот дел, а „гасеници“ на задната страна. Доколку е потребно, тркалото се крева и тогаш тракторот се движи само со помош на двете „гасеници“, што му дава огромна влечна сила при праволиниско движење. За да се постигне подобра управливост и да се избегнат препреките, предното тркало се спушта, а во исто време се крева предниот дел од „гасениците“.
Овој дизајнерски пристап му дава на тракторот исклучителна маневрирачка способност. Неговите димензии се 820 см должина, 380 см висина и 350 см ширина. Може да се вози со или без кабина, автономно. За погонот се одговорни мотори меѓу 400 и 800 КС и два независни, електронски контролирани варијабилни менувачи.
Тие служат и како сопирачки за управување со лентите. Кабината може да се ротира за 360 степени, што овозможува контрола во двете насоки.
Погледнете како изгледа овој уникатен дизајн:
