Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ:Во земјава нема небезбеден мед увезен од Кина, се продава и се увезува само квалитетен и безбеден мед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ:Во земјава нема небезбеден мед увезен од Кина, се продава и се увезува само квалитетен и безбеден мед
Агровести

АХВ:Во земјава нема небезбеден мед увезен од Кина, се продава и се увезува само квалитетен и безбеден мед

Објавено 03/02/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите на претседателот на Пчеларски сојуз на Македонија, Менде Трајковски, кој во изјава за медиумите неосновано тврди дека македонскиот пазар е преплавен со фалсификуван неквалитетен мед по потекло од Кина и дека истиот се продава во маркетите. Како одговорна институција за безбедноста на храната и заштитата на правата на потрошувачите, најодговорно тврдиме дека во земјава се увезува безбеден и квалитетен мед и дека на македонскиот пазар не се продава мед по потекло од Кина. Увоз на мед од оваа земја не е реализиран ниту лани, ниту во 2018 година.

Од лани увезените 35 пратки со мед, со вкупна количина од 220 515 килограми, најголемите количини, или 29 пратки тешки 156 238 килограми се по потело од соседна Србија. Три пратки со вкупна тежина од 63 000 килограми минатата година се увезени од Молдавија, една пратка со 1 151 килограм мед е од Австралија и една од Франција, со тежина од само 126 килограми.

Сите пратки со мед кои се увезуваат во земјава подлежат на задолжително лабораториско испитување при влез во земјава со цел контрола на резидуи и контаминенти, одредување на квалитетот на медот, начинот на пакување и означување и утврдување на евентуално недозволено присуство на антибиотици во медот. Од сите земени мостри од увозните пратки со мед, досега не се евидентирани отстапувања по однос на овие параметри, односно медот кој се увезува во земјава е безбеден и квалитетен.


Во 2018 година, во земјава увезени биле вкупно 420 649 килограми мед, најголеми количини или 252 000 килограми од Молдавија, 168 504 килограми од соседна Србија и 145 килограми мед по потекло од Франција. 
 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвВо Македонија се продава квалитетен и безбеден медНема увезен мед од Кина во Македонија
Претходен напис Лукаревска: Започна исплатата за второто тримесечје на #МојДДВ❗️
Следен напис Димковски: До завршување на законскиот рок остануваат уште 7 отсто тутун за откуп, секој килограм произведен тутун ќе биде откупен
1 коментар 1 коментар
  • Dragan напиша:
    на 03/02/2020 г. во 16:52 часот

    Dali ns nekoi od tie uvezeni medovi e napravena polenska analiza so cel da se doznae zemjata na poteklo

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?