Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Унгарија би можела да остане без половина од плантажите со јаболка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Унгарија би можела да остане без половина од плантажите со јаболка
Агровести

Унгарија би можела да остане без половина од плантажите со јаболка

Објавено 31/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Приближно 10.000 хектари површини за одгледување јаболка во Унгарија би можеле да исчезнат во следните пет години, делумно поради тоа што не се исплати да се продолжи со главно застарените методи на одгледување, изјави претседателот на „FrutVeba“, Ференц Апати, за унгарското InfoRadio.

Апати вели дека вкупната берба на унгарските јаболка била 280.000 тони, што е значително помалку од 2021 година, иако според него, тоа не може да се нарече голема берба, барем не блиску до производниот потенцијал на Унгарија од 600.000-650.000 тони, пренесе 24.hu.

Примарна причина за загубата на родот се временските прилики, иако во 2022 година јаболката не биле уништени од мраз, туку од претходната суша.

Покрај временските услови, причина за намалувањето на родот е и тоа што во периодот од пет до осум години континуирано се намалува унгарската површина за одгледување јаболка, а земјоделците имаат се помалку извори на финансирање.

Апати смета дека во иднина уште повеќе луѓе ќе се откажат од одгледувањето јаболка, бидејќи пред три години површината за одгледување јаболка била 25.000 хектари, лани 22.500 илјади хектари, а годинава нема да биде повеќе од 20.000 – 21.000 хектари.

Според него, системот на еко-субвенции сè уште одржува во живот многу застарени насади. Тој смета дека не вреди да се трошат пари на застарени плантажи, туку фокусот да се стави на подобрувања.

Според Апати, во следните пет години ќе исчезнат 10.000 хектари од сегашната површина за одгледување јаболка од околу 21.000 хектари, кои треба што поскоро да бидат заменети со нови, модерни насади.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јаболкаунгарија
Претходен напис Националниот парк Шар Планина доби план за управување, ќе биде основа за надминување повеќе предизвици
Следен напис АХВ и Ветеринарната комора ќе потпишат методологија за утврдување на цените
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?